го (зам.) - опсипе (гл.)

Не престануваше, при секоја средба, да го опсипува Татко со нови пофалби и со восхит.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
По многу црти од лицето ме потсетува на татковиот лик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Го положуваат телото на Фатмира во гробот. Го опсипуваат со цвеќе.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Толку многу ѕвезди го опсипаа тогаш небото и така беа блиску - со рака да ги дофатиш...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Убави обичаи, убави времиња за старите ветерани...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој верувам, кога би го опсипале со признанија и благодарници, не би се чувствувал убаво.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Од ридот Чука се огласија тешките минофрлачи и Лисец го опсипуваат со гранати.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Има еден пример (изнесен во книгата на Роже Перфит, Амбасадори), за еден стар дипломат, кој откако служел успешно во десетина значајни земји во светот и му минал нормираниот век на служење, не можејќи да се помири, без да служи и натаму на дипломатијата на својата земја, не престанувал да го опсипува министерот, министерството за надворешни работи, со своите анализи, предлози, стратегиски визии и што не, како да бил и натаму на својот редовен пост!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)