го (зам.) - опоменува (гл.)

Го опоменува ведата која го соединува со растенијата по светлосни вертикали. Прашањето за коешто нема милост.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На неколкупати сакаше да ги потпре своите гради на човекот во сина облека и да се истурка, но ниеднаш не се осмели да го стори тоа зашто овој често со својот студен поглед го опоменуваше.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Шепотливо плискаат брановите во невидливите карпи таму долу како да го повикуваат и потсетуваат и му забележуваат за нешто, како да го опоменуваат за нешто многу важно што тој го заборавил.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Никој повеќе не се грижеше што прави тој, никаков писок не го будеше, ниеден телекран не го опоменуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дека го опоменуваа и неговите роднини и шамашот на нивниот каал, кој секој петок пред шабат и особено на Големите празници ги буди луѓето потсетувајќи ги на нивните духовни обврски за денот што е пред нив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)