го (зам.) - оплаче (гл.)

Одново откликува, ме прашува каде си, што си а јас, загледан во неа, Бог дури ми го оплакува лицето со неговата света вода, ѝ возвраќам: Еве сум, огреав и зајдувам во зборот...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И мајка над синот, и жена над мажот ќе кука, ќе го оплакува мрачно . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Знаеш дека сѐ е завршено, сѐ е готово, во тебе се одвива погреб, во твоето срце, со луѓе во процесија облечени во црно, тие го оплакуваат умрениот, а тоа си ти, а ти сѐ уште си жив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мајка ми го оплакува времето што нема Да се врати...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа е благосостојбата на отуѓувањето, што другите го оплакуваат како факт на себе-развластеноста, при што другиот станува наследен непријател бидејќи тој го чува нашиот отуѓен дел.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Мајка ми ги пали последните ѕвезди на Канаан во моето огледало и го положува Својот превез врз мојата последна песна...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Откликнува птицата, меѓу отсјајот на секавицата и есенската грмотевица над Париз.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)