го (зам.) - опаше (гл.)

Си го опашав пиштолот на појас и одам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
После тоа често им приоѓав близу: прв пат воочив дека златната ларва се разликува; меѓу челустите им го ставав со лак премачканиот нокт што го пуштав да порасне; го посматрав движењето на нивните челусти, краковите на пипалките, главите во форма на череп, линиите што го опашуваат абдоменот и во положбата на оклопот, дури и онака превртен, ја пронајдов жестината на погледот на Гогеновите домородци.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Се наведе и го распаша од неговата половина, та го опаша на својата, бришејќи ја крвта од палтото на убиениот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како негова спротивност, раководителот на градбата беше небаре излезен од гардероба: со качкет од јагнешка кожа, со јакна од телешка кожа и четири џеба, со фицерски брич - панталони вовлечени во теренски чизми од свинска кожа - тој ќе се исправеше на единствената скала од штабната барака, на дискретна височинка од долен ракурс, во поза на командант што ја прима смотрата на построените бригади, но поглед вперен над нивните глави, во визијата на езерото или барем на асфалтираниот пат што ќе поминува по грбникот на браната и ќе го опашува езерото, по чии брегови место потопени села ќе се редат современите летувалишта на работниот народ, а првенствено на неговите претставници.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Основната должност на секој член била кога ќе дојде очекуваниот момент да го опаше своето оружје и да умре, ако треба, за македонската слобода10.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)