го (зам.) - оневозможи (гл.)

Има само една работа што ми го оневозможува преправањето: немам црни очила.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Што е најважно, знам дека тајните што јас ги открив одамна на светот ќе му беа познати и тој веќе ќе чекореше по други поубави патишта ако не беа лошите луѓе кои тоа го оневозможуваат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
За пример на новите поколенија големиот бран јавно го плесна по уста Јулие Цезар и го оневозможи да ’рчи а неговите поданици барем една ноќ да бидат на раат пред утре сите да запеат богојавленски песни под пазувите на бранот набабрен од многу љубов.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Поттик за зближување на балканските држави биле италијанските напади на османлиските поседи во Либија (триполитанска војна 1911) и османлиската ангажираност во војната, а посебно поддршката која Австроунгарската дипломатија и ги давала на Албанците за формирање на албанска држава на сметка на соседните балкански држави.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Нивна единствена задача и цел била да се инфилтрираат меѓу македонските револуционери и да го оневозможат нивното самостојно работење во зацртаниот правец.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Идентична цел имало и т.н. Горноџумајско востание т.е. провокација од септември 1902 кое било инсценирано од бугарската влада.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Замислата за формирање на Балкански сојуз ја подржувала Русија која на тој начин настојувала да го оневозможи германското продирање на Балканот, мореузите и Блискиот Исток.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Уочувајќи го фактот дека поголемиот дел од населението за кратко време се отрезни од „ослободителна мисија“ на бугарските војски и станува сѐ понезадоволно определувајќи се на страната на НОД, бугарскиот окупатор превзеде разновидни мерки, прво „мирољубиви“, а подоцна брутални со цел да го оневозможи и во корен да го ликвидира НОД во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во телеграмата меѓу другото се истакнувало: “во врска со општиот сојузнички план НОВ и ПОЈ добија задача да ги уништат комуникациите во југословенската воена зона и на тој начин д го оневозможат маневрирањето на окупаторските сили особено во периодот од 1 до 7 повторувам од 1 до 7 септември.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
За претходните генерации се верувало дека не го разбираат светот толку коректно и потполно колку што го разбираме ние.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За нивните традиционални гледишта кои што сѐ уште се прифаќаат поради навиката и предрасудите се смета дека го оневозможуваат прогресот на човештвото кон подобро знаење. 76 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оттаму и неговата изрека „Sapere aude! Имај смелост да дознаеш!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И зошто навистина не ја силував Луција онаа ноќ? (Таа, всушност, лукава како и секоја жена, ме измами, ме надмудри, оти навреме се предаде: јас само сакав да ја силувам, да покажам извесна надмоќ над неа, како одговор на нејзината партиска декларираност; но таа тоа го сети и во клучниот момент се предаде, да ми го оневозможи тоа задоволство, затоа што Партијата, општеството, нацијата и семејството ја научиле дека е недостојно некој да те силува; така таа, со тоа што се предаде, најде алиби за силувањето, и сакаше скандалот што долго го планирав, да го претвори во регуларен сексуален однос; тука пак, јас киксирав, оти се исплашив од она нејзино ненадејно движење).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој ги вложил сите усилби да го оневозможи изборот на Цончев во Врховниот комитет.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие наши “браќа“ прават се да го оневозможат единството на нашите слободољубиви сили...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Смалувањето на хардверот постепено го оневозможува обликувањето според принципот „form follows function”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Само една книга поставена на погрешно место можеше да вознемири, да упати на погрешен правец, да го оневозможи системот и циркулацијата на идеите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, предвидена е и изречна одредба кандидатот да го извести работодавачот за болестите или други околности кои можат, било како, да го оневозможат или суштествено да го ограничат при извршувањето на обврските на договорот или, пак, можат да го загрозат животот или здравјето на лицата со кои при извршувањето на своите обврски доаѓа во контакт (чл. 26, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Промени претрпе и висината на паричниот надоместок и времето за кое се исплатува паричниот надоместок и основите кои го оневозможуваат остварувањето на правото на паричен надоместок и престанокот на правото на паричен надоместок и роковите за пријавување во Заводот за вработување на лицата кои остваруваат право на паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Основите кои го оневозможуваат остварувањето на правото на паричен надоместок со ЗВОСН се дуплирани од 7 на 14.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Уште еднаш се увери во својата немоќ да му се спротивстави, да го оневозможи да дејствува другиот во него.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Најмалата опасност би била да го оневозможи да си ја исцели работата заради којашто во Битола е дојден.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Па сепак, ова сомнение се јавуваше и ги заматуваше ваквите мои размисли уште пред да ги сместам на почек во одделот на можните страхувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа и не ѝ робував на помислата дека во судниот момент ќе се појави пречката што ќе ми го оневозможи кревањето над земјата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Којзнае колкава била изненденоста па и уплашеноста на Иван Степанович кога во очите на својот толку очекуван син наеднаш го открил погледот на Генералот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А кога резултатот станал многу очигледен, барем за него ако не и за другите, Иван Степанович решил да го реализира она што никој дотогаш не го поврзуваше со неговото име; побрзал да го оневозможи идното споредување на неговиот син со друга жива личност надвор од семејството.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И покрај настојувањето на британскиот политички естаблишмент да не дозволи реализирање на идејата за обединување на Македонија, со што би била загрозена Грција, исто така со сите свои достапни дипломатски и политички сили Велика Британија настојувала да го оневозможи реализирањето на идејата за формирање југословенско-бугарска федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
130 Кон средината на септември 1943 година, во Врховниот штаб на НОВ и ПО на Југославија пристигна англо-американска воена мисија со членот на Британскиот парламент, генералот Фицрој Маклин. 132 Статијата беше објавена во одделни брошури на англиски и на српски јазик во сојузничкиот печат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британија била вознемирена од советското објавување војна на Бугарија без таа да биде известена за тоа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
121 Писма со иста содржинаТито упати и до управите на Бразилската национална банка во Рио де Жанеиро, на Турската национална банка во Анкара, на Државната благајна во Вашингтон. 122 Претседателот на НКОЈ Јосип Броз Тито на 18 март 1944 година ја извести Управата на државната благајна на Велика Британија дека го овластува Рудолф Бичаниќ, вицегувернер на Народната банка на Кралството Југослаивја, „да ги застапува интересите на југословенската Народна банка и да го оневозможи вадењето на нејзините депозити ... од чија и да е страна без согласност на НКОЈ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)