го (зам.) - олесни (гл.)

„Е тоа едно „којзнае”, тоа беше гласот надеж која не ги остава луѓето да стивнат и да се помират, да си го олеснат невозможното...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тавтологиите и идентитетите служат да го олеснат изведувањето на дедуктивните заклучоци, но самите од себе не кажуваат ништо за светот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Правите логички пропозиции се тавтологии во оваа смисла, а такви се и пропозициите од чистата математика, иако Витгенштајн претпочита да ги нарекува идентитети.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кој тоа еднаш ќе го сфати ќе си го олесни себеси комуницирањето со медиите. 6 Margina #22 [1995] | okno.mk Jean Claude Suares за темплум фановите Нашето стрип-списание Лифт дојде во очекуваната шворц-состојба и за понатаму е неизвесно.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во истата година Рим пристапил кон изградба на патот Виа Егнација со цел да ја подобри копнената комуникација и да го олесни префрлувањето на војските од Апенинскиот на Балканскиот Полуостров и Мала Азија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
- Втората македонска ударна бригада требало да тргне на 31 јануари од реонот на с. Зборско со задача да дејствува во Тиквеш и реонот на Гевгелија со цел да го привлече вниманието на бугарскиот окупатор за да го олесни пробивањето на Првата македонска-ударна бригада во Централна Македонија и истовремено на третата група баталјони низ Источна Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Харман (Harman) и неговите соработници успеаја врз основа на сопствените истражувања на психоделиците (ЛСД, мескалин, псилоцибин, канабис и други), да ја откријат нивната способност да го олеснат решавањето на проблеми по пат на влијание врз “илуминационата фаза”, којашто многу теории за креативниот процес ја земаат како клучна во дистинктивна смисла, за време на решавање на сложени и долготрајни операции.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Токму затоа, со право можеме да заклучиме дека правата на работниците се наоѓаат помеѓу чеканот и наковалната, постојано на удар од ниските плати кои не секогаш ги добиваат, прекувремената (неплатена) работа, небезбедните работни места, прекарната работа, замолчените синдикати и слепите институции, а законите кои треба да се подлогата на која тие стојат и која треба да го спречи ваквиот удар, воопшто не го прави тоа, туку напротив со многубројните измени на легислативата само го олеснува понатамошното обезвреднување на трудот на работникот, кој се претвори во обично средство во работниот процес.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Анѓеле си запали ли свеќа пред свети Никола златен што ни е задутре, тој милостивникот е на водите, нему молете му се да ви го олесни патот.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Споделувањето на неговата тајна би можело да му го олесни страдањето, но како би можело тоа да ѝ помогне на Рози?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Како што индивидуите почнуваат да ги артикулираат преферираните настани во овие алтернативни нивоа на активност, и како што стануваат сѐ поангажирани во уредувањето и поврзувањето на овие настани во посебни секвенци низ времето, можат да бидат поттикнати експлицитно да ја именуваат на овој начин сугерираната алтернативна тема или 50 Margina #4-5 [1994] | okno.mk контратема.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Всушност движењето кон изворност, и вообичаеност, во светот, би требало да биде кулминација на движењето кон туѓите и необични светови. (Bourdieu, 1988, str. xi-xii) Според Бурдие (Bourdieu), егзотизирањето на одомаќеното преку објективизирање на вообичаениот и прифатен без никакво сомневање свет го олеснува “повторното самоприфаќање”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ако овие настани се оценети како преферирани излези, од индивидуата се бара да опише зошто верува дека тоа е така.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Социологот којшто одбрал да го проучува својот сопствен свет во неговите најтесни и познати аспекти не би требало, како што би го направил тоа етнологот, да го одомаќи егзотичното, туку, ако можам да спекулирам со изразот, да го егзотизира одомаќеното, со прекинување на сопствениот интимен однос со начините на живот, кои дури остануваат непознати за него бидејќи се премногу блиски.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога ќе се утврди дека одредени настани се оквалификувани како посебни излези, со тоа што се оценети како значајни и како преферирани, терапевтот може да го олесни создавањето и/или реактивирањето на алтернативните нарации со ориентирање на клиентот кон посебниот излез како кон мистерија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Прашања за доживување на искуството Прашањата за доживување на искуството (White, 1988б) во голема мерка го олеснуваат реавторизирањето на животите и односите, и често тие се попродуктивни од оние прашања коишто бараат од индивидуите подиректно да размислуваат за своите животи. 52 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Преку овој реавторизирачки дијалог, терапевтот ја игра главната улога во соочувањето со било кое рано враќање кон она каноничното, што би можело да укажува дека посебниот излез е само-објаснувачки.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Именувањето на алтернативна тема или контратема е многу важно, помеѓу другите работи, и затоа што, (а) значајно учествува во чувството на индивидуата дека нејзиниот живот оди нанапред по патот кој таа го одбрала; (б) овозможува да се припише значење на настаните или искуствата кои инаку би останале незабележани или за нив би се сметало дека се од мала важност; (в) го олеснува правовременото одредување (средба-по-средба) и поврзување на настаните кои се случуваат за време на тераписките средби и (г) ѝ дава на индивидуата чувство дека знае кој може да биде следниот чекор во избраната животна насока.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Овој краток преглед за значењето на европскиот капитал во стопанскиот живот во Македонија има за цел да го олесни одговорот на прашањето: Зошто гемиџиите решиле да ги насочат своите бомби кон интересите на Европа?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Слегнав за да се исповедам и да си го олеснам страдањето од неправдите на кои сме осудени да бидеме сведоци, да гледаме, да пластиме, без можност ниту офка да изустиме. Да си олесниме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Слепиот Тимон им викаше на луѓето: „Работата гледајте си ја, луѓе: не одете по умот нивни, зашто ќе ви го однесат; и персискиот цар не видел аир од нив: за да им го олесни тешкиот живот на луѓето, побарал од царот на Индија да му испрати даровити музиканти што ќе го веселат народот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сега се глодаше заради тоа. Можеше да си дојде тука и сам и тие со ништо не му го олеснија неговото доаѓање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кој може тоа да го погледне, а притоа тивко да не застенка?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неговите долгови вкупно изнесуваа речиси петнаесет илјади марки, бројот на неговите доверители над седумстотини, почнувајќи од еден трамвајски кондуктер кој му позајмил триесет фенинзи за возен билет, до татко ми кој вкупно требаше да добие две илјади марки, зашто на стрико ми Ото најверојатно му било најлесно нему да му го олеснува ќесето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Денес знам дека некои работи погрешно ги почнав.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Одам кај него, а тој ми се насмевнува, како да му носам, на пример, највкусна супа – ах, сега ’ржат и двата коња; изгледа таа бучава настапила по некоја виша наредба за да го олесни овој преглед – и сега констатирам: да, младичот е болен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По војната во Персискиот Залив, САД го поттикнуваат Израел да учествува во мировна конференција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Враќањето на израелските лабуристи на власт во 1992 година го олеснува склучувањето на тајно водените преговори првин во Осло, а потоа и потпишани на 13 септември 1993 година во Вашингтон, по меѓусебното признавање на Израел и Палестинската ослободителна организација, како и започнувањето на преговорите за создавање суверена палестинска држава покрај Израел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пронаоѓањето на печатницата, меѓутоа, го олесни манипулирањето со јавното мислење, а филмот и радиото уште повеќе го унапредија тој процес.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се вртеа тој и жена му околу неа и не знаеја што да ѝ прават; ѝ бараа стршлен во кожата, не ѝ најдоа; ѝ бараа трн во нозете, рана некоја, но не ѝ најдоа; ѝ даваа вода, да пие, ѝ даваа да јаде, но таа само рикаше; ја измолзија за да ѝ го олеснат млекото во вимето, но таа и понатаму рикаше; ја одврзаа од јаслите, ја извадија од кералот, ја пуштија да шета низ дворот, низ бавчите, но таа никако да се смири: рикаше ли рикаше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кала седна на столот каде што седеше докторот и почна да го жулка Илка по лицето и челото, да му турива со лајче вода во устата, да му ја поткрева перницата зад грбот за да му го олесни дишењето, но тој само ја погледна кревајќи ги очните поклопки со напор и при тоа како да се поднасмевна со крајчињата на устата, и таа насмевка му остана на лицето, згрчена, недовршена.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Од почетокот на транзицијата, правата на работниците кои по силата на приликите се невработени во дадениот момент со промените на овој закон претрпеа сериозни намалувања, особено во поглед на остварувањето на правото на паричен надоместок во случај на невработеност: додадени се нови ограничувања кои го оневозможуваат стекнувањето на ова право и го олеснуваат неговото престанување, утврдена а подоцна и намалена е горната граница на висината на паричниот надоместок и, најважно, дојде до повеќекратно и драстично намалување на времето за кое се исплатува паричниот надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тоа ѝ помагаше да си го олеснува товарот што го носеше во душата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На Еда и отворено му призна дека тој тоа го прави за да си го олесни војниклакот и да им врати на претпоставение за нивните малтретирања на војниците.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На по некое од бурињата слетуваше галеб, за да си го олесни летот меѓу двете земји.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Колку и да се застапуваме за апсолутната рамноправност на сите видови книжевен дискурс, сите сме свесни дека сепак, сепак! ниту еден теоретичар, есеист, книжевен историчар или толкувач, херменевтичар не го ужива сосема истиот книжевен статус (за аурата и да не зборуваме!) кој на таканаречените вистински писатели им припаѓа по автоматизам (by default).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со Шон Конери (Sean Connery) во главната ролја, се разбира!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Бидејќи нашиот читателски интерес целосно се насочува токму кон проблемскиот или провокативен корпус што ваквите стручни книги задолжително го промовираат, авторите што истиот тој корпус него внимателно го истражиле (за да ни го олеснат пристапот до неговата загадочност) како да ги маргинализираме: за нас, тие како да стануваа вторична појава.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Му бев многу благодарна за тоа што ми го олеснил пакувањето кое инаку требаше да трае половина ден.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)