го (зам.) - окупира (гл.)

Капор го окупира моето внимание и со друг расказ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Самата помисла на целосна десетдневна слобода предизвикуваа бледење и потиснување на мислата која веќе две недели ѝ го окупира мозокот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Моите сопатници го окупираа со багажот речиси целото купе. Немаме во него никој друг освен нас.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Шеташе помеѓу масите, си го чепкаше носот и се чешаше меѓу нозете, обидувајќи се да им го згади ручекот на гостите кои му го окупираа тротоарот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Кога заврши првата Голема војна, во 1918-та, која ја загуби Бугарија, Србите повторно го окупираа овој дел на Македонија и беа уште поосилени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пред дваесет години, кога градот го окупираа француските трупи, накодошен пак од свои, јас морав да заминам, преку Италија, во Цариград.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Место да отстапи за да не ѝ пречи, Ване ѝ се доближи со нечујните патики - го заинтересира кој го окупирал неговото омилено место: мала чистинка со трева до колена среде непробивниот обрач од стари дрвја и густ прнар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потоа, на 9 април 1941 Германците го окупираа Солун. И сѐ се смени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)