го (зам.) - оживее (гл.)

Според Бојс, виталната топлина, инхерентно духовна, била извор на полноти­ јата на телесното и духовното постоење.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За да ѝ се врати мора да стане полн во своето битие, да го запознае рајското доживување на полнотија кое не го запознал во детството, иако несомнено го оживеал како продуктивен уметник.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Па сепак страдал од длабоко чувство на внатрешна лишеност, неприсутност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Си замислуваше дека од некаков негов Бог му беше доверена мисијата да го најде и да го оживее овој јазик, оваа култура на исчезнатите, во урнатините на Империјата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Чекав доволно долго да го оживеам срцето и после среќниот, страсниот, возбудливиот и сочниот заплет на вљубувањето следи, тешкиот, измачувачкиот и замрсениот расплет на излекување на овие длабоки рани, болка која те обзема кога очајнички ќе се обидуваш повторно да пронајдеш среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, толку себично човекот го брани сопственото срце, очајнички обид да го оживееме, да го почувствуваме пулсот и мирисот на животот и едно среќно, искрено и едно вљубување, како балдахин над нашите глави.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога до коска ти се повредени чувствата, наместо рационално размислување, секоја клетка ти е исполнета со разочарување, животот ја губи секоја смисла.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тој, обидувајќи се да си го оживее братот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Така поттикнат, се обидуваше да го оживее сиот свој интерес за работата, да ги прошири своите ментални сфаќања за целата скица за конструкцијата, како што правеше пред да му се случи ова.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Една ненадејна мисла го оживеа Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сигурно, таа поделена приврзаност може да го оживее или да го подгрее споменот од детството за мајката замислена и како невидено попустлива и како неприкосновено строга, трогната од близината со сина си, а пак морално или естетски згрозена од неговата настраност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие поделени лојалности не се само психолошки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Одбивниот, но силно харизматичен лик на Веда, значи, предизвикува чувство на поделени лојалности кај гледачот геј-маж, сложена емотивна внесеност во оваа сцена на двојно отфрлање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И еве сега неговиот Галеб, како со сила создаден и одржуван феникс, треба да го оживее исчезнатото време... но и тој на крајот да заврши како старо железо, а Синиот воз да остане на некој заборавен колосек...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се водеше битка со дамна починатиот владетел...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но ниту една болка не е доволно силна – дури и кога би си ги ископал очите, дури и кога би се подложил на најмачно бавно умирање; затоа што неговото Јас е одамна мртво и, ако нешто може да го оживее, тогаш тоа сигурно не е болката. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
О, ти ќерко на етерот! Појави се од градината на татко ти, па ако не можеш да ми дариш овоземна среќа, тогаш ужасни го, о ужасни го со нешто друго срцето мое. Хелдерлин: На надежта. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега, кога „козјиот проблем беше решен, овие проклети западни новинарски душкала сакаа да го оживеат”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Проектот предвидуваше небаре низ научно-фантастична визија да се обнови патот на јагулите, со градење отвори на високите насипи, па со градење на водени лифтови, кои ќе ги совладаат висинските разлики да го оживеат патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
За него, Грк од Египет критиката вели - умеел да го оживее минатото во своите песни.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сакаше некое од децата да го оживее Татковиот ракопис.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)