го (зам.) - одрекува (гл.)

4 Веќе структурализмот го отфрла гледиштето дека една фраза има значење благодарение на тоа што го изразува самиот поим како таков.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И Отсутност Толку за тоа што присутноста е; понатаму за нејзиното одрекување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога Дерида ја одрекува присутноста тој го одрекува постоењето на некакви ентитети што засновуваат значење, затоа што или самите ентитети не постојат или, ако постојат, тие не можат да функционираат на бараниот начин. 58 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Рускиот атеист, колку и да го одрекува постоењето на Бога, тој длабоко во себе, во својата потсвест, продолжува да верува во Бога. Дури и го предизвикува!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не дозволувајте да ве поколебаат, издржете во вербата своја и во страдањата, па и тогаш кога ве навредуваат, кога ве прогонуваат, кога ви го одрекуваат она што е ваше!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега можеше мирно да ги погледа оние коишто го одрекуваа неговото право и неговата вистина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Војник, капетан? Не, само хирург, а сонот го одрекува јавето.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во тие точки на разлеана пепел по страниците, од некогашните занесни читања и заборавно сеење на пепелта од пушените цигари врз хартијата, можеше да се наслутат и трагите на неговото верување во повеќекратниот идентитет кој Балканците фатално го носат во себе, но којшто упорно го одрекуваат една или повеќе од неговите компоненти за да дојдат во конфликт првин со себеси, па потем и со другите...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во неговите книги пишувани на различни писма, латинично, арапско, кирилско, хебрејско, на места откривав разлеана пепел, во необични облици, која некаде се слеваше во старите минијатури на еден Коран пишуван на рака, како своевидно надополнување, потврдување на неговото читање и постоење, неговото воскреснување во моите нови читања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)