го (зам.) - одобрува (гл.)

„Госпоѓа“ беше збор што Партијата не го одобруваше - очекуваше секој секому да се обраќа со „другар“ ( но со некои жени човек го употребуваше инстинктивно ).
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И така, едни разбеснети Турци, младеж - јас тоа не го одобрувам, ама се сторило - тие разбеснети Турци првин го ставиле на бесилка, а после го фрлиле во распален огин.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Додека беше на специјализација (свршен пат, кој татко му го прими намуртено, што значеше дека не го одобрува), за разлика од рутинскиот дел на студиите, Миха пројави видлива заинтересираност па и загреаност, барем во однос на другите колеги што не успеале да специјализираат на хирургија или интерна па сега еве се свеле на оваа психијатрија, а можеле да се задржат и на педијатрија; така што, само по себе, при крајот на постдипломските студии, тој не само што се истакна меѓу другите туку и едниствен се кандидира да остане на катедрата како асистент.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мајка ништо не рече. Само го одобруваше Татковото двоумење во тоа време.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој долго ќе климаше со главата и со мрморење ќе го одобруваше она; што ќе го речеше Претседателот, заминувајќи по него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Затоа, за разлика од бегот, тој побрза да ги расчисти утапканите траги, бидејќи и цвеќето што стоеше во вазната среде маса тоа му го одобруваше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Го одобруваше ли тој потфатот, значи беше сигурен успехот, зашто тој имаше да го изврши со своите јаничари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но, таквиот однос не го одобрувала повисоката власт, поради што Мевлид бил сменет.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)