го (зам.) - одминува (гл.)

Повеќе не го гледаа во главата. Само го одминуваа. Речиси и го заборавија.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Петрета го одминуваше, небаре е проѕирен како неџефски џам.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Затоа едвај чујно, со ненадејно пресушените усни, седумпати ја промрморува пасхалната желба „Leshana Haba‘a Bi‘rushalayim!“ 3 со која си посакува (и) следната година да оди во Ерусалим, точно во моментот кога стјуардесата поминува со тесната количка низ коридорот на авионот со задреманите патници, нудејќи им го на будните вториот окрепнувачки пијалак, но брзо го одминува белобрадиот рабин кој мрмори со усните помислувајќи дека тој се моли.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дури и гимназиските другари, кои го познаваа до душа, се правеа дека веќе не го препознаваат и го одминуваа на улица како турски гроб.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Влегоа под оревот Трајанов и веќе го одминуваа кога одеднаш се стаписаа на место.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)