го (зам.) - одложува (гл.)

И затоа повторно го одложував своето пишување за судбината на Арафат за Палестина, за неговото враќање во Рамалах. Судирите на Фатах со Хамас. Продолжувањето на војната.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го одложував повторно одговорот на последното писмо на мојата мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше природно да постои со нив природна, судбинска солидарност. Но тоа не беше случај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој беше обземен со синдромот да ја има книгата, секоја книга која го пленеше сакаше да ја види, да ја поседува, додека читањето го одложуваше за други времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Седнувајќи на креветот од Димостена таа си даде задача прво да не го одложува писмото до Чана во врска со смртта на дедо Костадин, а исто така, одоколу, да ѝ стави на знание дека можеби и таа ќе го раѓа црното семе што е судбина на македонската жена.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој итро го одложуваше викањето такси, со цел што подолго да разговараме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)