го (зам.) - оддалечи (гл.)

Но да не го оддалечи целосно, туку да остане на една нужна дистанца, за да може, во исто време, под нечија контрола, да се користи неговото знаење.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Како бре, сине - го прекина веднаш Мајка - да го оддалечи од сиџилите...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А сега, уште ако го оддалечат од сиџилите... црна јас...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Можеби остана за да види до каде ќе оди цинизмот на Мирон Донски, во замислата, по секоја цена и со сите средства, да го оддалечи Татко од сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И, ако се толкува сонот како потиснување на можното во потсвеста, како негова спротивност, да речеме дека Мирон Донски решил да го оддалечи Татко од сиџилите...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Повеќе не размислуваше ни за стратегијата на Мирон Донски, што побргу да го оддалечи од сиџилите, ни за тактиката што требаше да ја спроведе Псалтир Палигоров.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Човекот го создаде компјутерот, а компјутерот го оддалечи човекот од природата и го принуди да живее во илузија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Макар што Камилски јасно согледуваше дека Татко с повеќе го оддалечува од замислениот почеток, тој сега нестрпливо ги очекуваше новите изненадувања.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оваа излитена идеја (ide reue), ќе го оддалечи Балканот од европските лингвистички кругови, сметајќи го како недостапен, комплициран и неразбирлив...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се разбира дека таму му се потсмеваа и дека тоа го оддалечи за некое време од мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И затоа, во мигот кога видов дека попуштам кон него (беше тоа една летна ноќ, на кејот на Вардар во Велес, кога речиси водевме љубов), јас решив да го опоменам, да го навредам, да го оддалечам од мене; и јас ја предадов неговата збирка песни во Партијата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Синот, повторно, за да докаже дека таткото не е во право во мислењето што го има за него, прави секакви мајмунлаци за да му се доближи на таткото и да го придобие неговото внимание, но како контраиндикација, наспроти тоа, успева само да го оддалечи и да ја удвои нетолеранцијата меѓу нив.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ни се чинеше оти со секое завеслување Гури Порадеци го удира по главата езерскиот змеј за да го оддалечи од нас и за да не го преврти чунот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но да не го оддалечи од себе!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ќе го оддалечи неговата миграторска крв од идната пролет на Езерото, од времето кога се шири опојната миризба на расцутените бадеми, на синкаво жолтите шебои.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)