го (зам.) - одвлечка (гл.)

Ќе застанам на прозорецот за да го видам Дејан како си оди.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
— Се израдува и пашата, и двајцата донесоа решение да не и се пречи на Митра да го одвлечка тој „пезевенк" некаде далеку.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На тој начин постојат стопување и кинење, или, попрво, осцилирање, непрекината размена помеѓу актуалниот објект и неговата виртуална слика: виртуалната слика не престанува да станува актуална, како во огледало коешто ќе дофати лик, ќе го одвлечка во својата бездна и од своја страна не пушта ништо друго освен една виртуалност, на начинот на Дамата од Шангај.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
— Милуал алах, та ја направи таа работа! — му рече Фазлибеј на валијата кога му сугерираше дури да и помогнат на Митра да го одвлечка Толета од нивниот вилает.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но не од завист или од љубомора, туку само од мака.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Пред очите ми го зеде. Го грабна за рака и го одвлечка. Плачев од мака.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа бргу-бргу го одвлечкала во болница за да може да ја измие крвта од креветот и никогаш да не се дознае дека Дејан бил таму.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)