го (зам.) - одвлекува (гл.)

Во ваквите случаи попрво се работи за зголемена симулација отколку за виртуелна реалност. 52 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И вистина, одвај ли има нешто поарно од ваквото свршување на македонската криза: за народот тоа е арно, бидејќи ќе се ослободи и од интригантите од разни народности и ќе се откаже од разни поддупувања што го одвлекуваат од неговите мирни работи: црквата ќе го помири неоснованото непријателство меѓу разните народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ги делеше луѓето И најчесто на самата невидлива граница, која беше означена некаде на дното на езерото, кога минуваше чун се создаваше силен вител кој го одвлекуваше чунот во длабините и речиси никој не преживуваше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мајка беше загрижена што јагулите сѐ повеќе и повеќе го одвлекуваа татковото внимание од семејните грижи, од работата во адвокатската канцеларија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Разграноците на оваа технологија, како што е Валдерновата авантуристичка игра, не треба да ни го одвлекуваат вниманието од тековните примени во молекуларната биологија (скратување на молекули со помош на вид и допир, во воздухопловната симулација, медицинскиот тренинг, архитектурата, индустрискиот дизајн.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)