го (зам.) - ограбува (гл.)

Сѐ до неговото загинување во бојот со влашката војска, во 1395 година, кај местото Ровина, Турците вршеа само повремени упади во Марковото вазално кралство, го ограбуваа и го одведуваа населението во ропство, но кога кралството остана сосема небрането, тие презедоа напад и врз него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Учителот Стамен потекнуваше од семејство кое во сите војни се обезглавувало, но пак некој, како израсток од пресечено дрво, го обновувал родот: прадедото му загинал во борба со турските зулумќари што го ограбувале селото; дедо му загинал како комита во Илинденското востание; татко му учествуваше во Балканската војна, и по протерување на Турците, отиде во Солун да работи каде што го поведе и Стамена да изучи некоја школа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во минатото, владејачките групи на сите земји, иако можеле да го утврдат заедничкиот интерес и според тоа да го ограничат уништувањето од војната, се бореле едни против други и победникот секогаш го ограбувал поразениот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)