го (зам.) - ограби (гл.)

Бидејќи Градешница не даде отпор, а требаше и орадијата од кадијата да се засолни некаде, тој го ограби селото, но не запали ниедна друга куќа, освен на водачите Петре, Митре и Ристе Најде.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пукна глас дека некој од неговата дружина, или цела таа, за да го ограби, го суредила, па властите се вдадоа во потера по нив, по другарите Хаџи Ташкуви, па така Потковицата, што се вели, со едно мавнување се ослободи од две зла, од Хаџи Ташку и од неговата дружина...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Неоти ти ќе сакаш да го ограбиш свети Горѓија, нито пак тој сака да му служиш бадијала.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ЛЕНА: Ах, сеедно; но таа ми го ограби срцето, чувствував како мојот Мишко се помалку ме сака.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
А потоа Земјаните отидоа да живеат во друга галаксија, за да побегнат од болеста што ни ја донесоа самите, откако го ограбија нашиот свет.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој, пак, султанот, Мурад I Ходавендекер, во склад со својот лукав и сомничав ум, искажа милост: сомневајќи се дека некој друг ќе може толку успешно да управува со Имотот колку довчерашните стопани, и сомневајќи се дека ќе може некого друг, некој Турчин на пример, да го ограбува колку нив, на Акиноските им го остави Имотот, а заедно со него и титулата и господството над целата Потковица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Суљо излезе од Прилеп и се запати кон Мариово по оној истиот штавички пат, по кој пред две години отиде кадијата да го ограбува Мариово и ја плени Анѓа во Чаништа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Колку да офнеш - препукнала душата... туѓинецот те сосекол... ти го ограбил домот... огништето ти го разурнал.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)