го (зам.) - обиколува (гл.)

Од средината, пак, на јули, во неделните денови и во празниците, на коњ или пеша, главите на домаќинствата почнуваа да го обиколуваат полето; триејќи класје меѓу дланките, и, потем, долго џвакајќи ги солупените зрна и топејќи ги со плуканица утврдуваа дали е стасано за жетва.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во слободното време, во неделите и празниците, кога полето е празно, освен овчарите, воларите и говедарите друг никого нема таму па тоа не мора ни да се чува, сам ги истреби и ги огради изворите во Јасики - оттогаш жителите на Потковицата ги викаа Веданови Извори - а во делниците од наутро до навечер, а во убавите лета и преку цела ноќ, го обиколуваше синорот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Притоа, болежлив и сѐ уште до крај нездушен со луѓето, постојано се мавташе низ бостаните, низ житјата и покрај лозјата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако малку се оддалечите од центарот и ако тргнете по височинките на градот или се впуштате кон неговите тврдини, кои го обиколуваат на неговите врвови од левата страна, тогаш овде шумот само рефлексивно се дофаќа и чувствува.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И еве ме сега, го обиколувам тој простор како Били Кид во филмот на Сем Пекинпо, додека бројките на мојата милјажа растат со хистерична брзина, а од мојот цеде-плеер допираат звуците на песната на Боб Дилан: Деар’с ганс акрос д ривер еимин’ ет ја, Лоумен он јуар треил, хи’д лајк ту кеч ја, Баунти хаунтерс, ту, деј’д лајк ту гет ја, Били, деј дон’т вонт ју ту би соу фри...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Си одевме по овците така молчејќи, а трите кучиња- Шарко, Геско и Мурто- радосно трчаа околу булукот; ќе се сретнеа на горниот крај, ќе се здавеа и пак го обиколуваа булукот, сега трчајќи во обратен правец.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Студ ми лазеше по дамарите, леднина ми се лизгаше по вратот, се вовлекуваше меѓу ребрата и полека, небаре скорпија се лизгаше по недрата, го обиколуваше адамовото ребро, и застана над лакот, токму над срцето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Двајцата јурнаа преку неискосената трева која го обиколуваше мермерното плато на „Куќата на братството на патриотската гарда“.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Можеби ја научил Миру да лета, па сега двајцата го обиколуваат светот?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тагата што ја чувствував за Ивана уште повеќе се зголеми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го обиколува логорот и прашува за животот, за условите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тргнав да го обиколувам Костурскиот округ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
До трипати го обиколуваат црквичето - со свеќа во десната рака, а со левата дланка го засолнуваат пламенчето да не би да згасне - ако згасне не било на арно...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
10 О Хошано! – „О, Спаси!” обред во кој седмиот ден на празникот Сукот верниците со врбови гранчиња во рацете го обиколувале жртвеникот на ерусалимскиот храм, како впрочем и верниците во современите синагоги барајќи го божјото спасение
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Враќањето на израелските лабуристи на власт во 1992 година го олеснува склучувањето на тајно водените преговори првин во Осло, а потоа и потпишани на 13 септември 1993 година во Вашингтон, по меѓусебното признавање на Израел и Палестинската ослободителна организација, како и започнувањето на преговорите за создавање суверена палестинска држава покрај Израел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Новоста го обиколува светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа се уште заитано го обиколува езерото.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Таа, уште чавка измет не клукнала, заитано го обиколува езерото.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Оттаму се спушти сè до Жепа и го определи местото каде што ќе се наоѓа скелето за превоз на каменот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само објектот често го обиколуваше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Работниците весело ги извадија скелињата и од тој сплет на греди и штици излезе мостот, виток и бел, сведен во еден лак од едната карпа до другата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неколку денови едноподруго зачудените вишеградци го гледаа градителот, наведнат и побелен, но црвен и младолик во лицето, како го обиколува големиот камен мост, го дроби, меѓу прстите го крши и со јазикот го испробува малтерот и составките, и како со чекори ги премерува окната.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)