го (зам.) - обзема (гл.)

Алексис Лорка Lire,été 1997 Се случуваше во еден од првите париски октом­ври­ски денови кога во Сенатот на Франција, сенаторот Робер Бадентер водеше една исклучителна сесија: поезијата овде се соочуваше со големите проблеми на човештвото, за што нашето внимание го обземаше Едгар Морен; неговата анализа, неговата мудра елоквенција, му оддаваше заслужено признание на последното дело на Луан Старова, објавено на француски јазик - Времето на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Такви мисли го обземаа партискиот секретар.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вакви чувства секогаш го обземаа при селидбите во младоста.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Крај. Величествено. Рабинот го обзема блаженство и од лесното присуство на Бога и сонот кој оваа ноќ леко паѓа врз него и навестува дека нема да произведува апокалиптични слики.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И среде таа ноќ на ужасот само Храмот го осветлуваше пределот послан со човечки тела, а пред јужниот ѕид на Градот слета војска од сиви архангели што не беа ни Гавриил, ни Рафаил, ни Михаил, ни Ариел, ни Азраел, ни Јофиел, ни Јеремиел, ни Метатрон, ни Рагуел, ни Разиел, ни Сандалфон, ни Уриел, ни Задкиел, ни Ханиел, ни Шамуел, но некои други Сили и ги ставија шофарите што сега им беа свиени до шестпати и засвирија шест по шестпати во нив, та падна јужниот ѕид на Градот и се отвори браната кон Ге Хином што значи „долината на децата на Хином”, која се протега од подножјето на ридот Цион до кидронската долина, па штом падна јужниот бедем од долината, заплисна врелиот здив на зборот Гехенна, поимот на Пеколот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Наоколу. Го обземаше мракот, го осветлуваше ноќното црнило.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Бројката сосем го обзема, му поигрува во главата, му прелева врелина и пот, па тогаш со сигурност и со нетрпение почнува да пресметува: најважно и најпрво ќе направи куќа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Чалгијата молкна... Кога стигна на езерскиот брег, Панде осети како го обзема свечено, празнично настроение...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тешка меланхолија пак го обзема поштарот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но, и таа реса бргу се стопи во белата јаснотија што го обземаше дури и него самиот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога ќе се најдеше под сенката на Сината џамија, мигум погледот му го обземаше летот на птицата која леташе кон врвот на минарето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас знаев дека Партијата полека но сигурно целосно го обзема, и знаев низ кои фази поминува тој, оти јас тие фази ги имав веќе изминато: трансот при донесувањето на колективните одлуки, силните емоции во толпата, чувството дека припаѓаш на нешто многу силно и важно, дека правиш прометејски чекори за твојот народ; Земанек, поради Партијата не ме виде мене, Луција, жена од крв и месо, како што јас, поради Партијата не успеав да го видам Јан Лудвик.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ни ми личи на зборот за ние, Филозофу златоуст“, рече логотетот и веќе го обземаше радоста на оние кои сознаваат, која не може ниту да се мери со радоста на владетелите кои поробуваат и грабаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И тој беше таков. Откритијата го обземаа...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Дури и кога не се гледаше како трето лице туку стоеше едноставен, незасегнат и наизглед мртов за се па и за себеси односно, кога се посматраше себеси влезен во духот на една тивка, наивна и неопасна безличност, го обземаше истиот сомнеж.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
И му дојде сега наеднаш, нагрвали којзнае од каде од него, чиниш се породи некаква фурија во некои неочекувани длабини од него, заедно со едно беснило, што го обземаше, заедно со она лудечка желба да се издроби во тој снег, и сето тоа полека се вообличуваше во оној лик, оној одамна сретнат и чиниш умрен со заборавот ѕидар, воскресна, чиниш сега сретнат како нешто, што се случува веднаш тука, пред неговите очи, чиниш со неговото тело, и тој набргу се најде целиот себеси сегашен во тој одамнешен лик, а неговото тело веќе сето се завитка во она, што тој отпрвин го имаше само во сеќавањето за набргу да се најде сиот, и духом и телом, понесен и збеснет во тоа...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Арсо полека тонеше и се губеше во слабост и некакво матно задоволство го обземаше за тоа што чезне и гасне во магловина...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но кога ќе ги иставеше очите од книгата, кога ќе погледнеше кон прозорецот, кога ќе го видеше разбеснетото езеро како рика и како ветриште го нишаа и го корнеа прозорецот, повторно го обземаше страв од смртта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во една пригода, во излив на отвореност и искреност, ова му се случуваше само пред Татко, кога ќе кажеше нешто што можеше скапо да го чини од што и собеседникот го обземаше немир, ќе заклучеше дека само затворот на Голи Оток можеше да го ослободи од стравот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски го обземаше милина која идеше од длабината на душата кога ќе почнеше да зборува за книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа го обземаше мислата дека самиот човеков дух може да биде лавиринт во кој секој може да се изгуби, не успевајќи да го најде излезот, доколку не верува во крајниот силен извор на светлината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако Татко со семејството се вгнездија во судбината крај реката, Татко беше постојано обземен од тврдината Кале, не престанувајќи од чардакот да го преселува погледот кон далечините кога беше најмногу замислен и не можеше да најде вистинско решение за мислите што го обземаа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, според своето верување, најден на крајниот хоризонт од својата библиотека, ја напушташе идејата која долго време го обземаше за да се препушти на нова потрага.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога ќе попуштеше, го обземаше паника.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но потребата за храна сѐ повеќе го обземаше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И веднаш потоа, по овие размисли, некој студ ѝ го обземаше телото.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Едо чувствува како ја сака. Чувството полека но сигурно му се шири по целото тело, го обзема, му продира до сржта на коските и тоа го прави среќен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Костурот на авионот брмчеше и трепереше како харфа, таа музика го обземаше и него.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Ој лозје, лозје... (Одеднаш преминува во отворена зајадливост спрема Теодос.) Песна за чорбаџи Теодос!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: (Го обзема разочарување и тага.) Лозјето... Уште не го заборави!...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Грлото го запече, сѐ повеќе го обзема загриженоста и некаков таинствен страв.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)