го (зам.) - обезглави (гл.)

Снешкото на балконот почнува да го губи достоинството, па домаќинката решава да му ги скрати маките: со еден замав на метлата го обезглавува и го исфрла на улица како партал.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
- Ако го надбори, во единаесеттата, Арапинот со бузи натекнати од насилство, ќе го предизвика на мегдан со буздовани: - ако го набие во почва, ќе го сочека, како петнаесетгодишник, аждерот со три глави - ако го обезглави, Мајката, со први бели во косата, му ја полни торбата со пита, јаболка, колачи со вишни што толку ги сака.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Десно од нас истопорен на мермерен постамент – Коте, оној легендарен грчки паликари - јунак, кој за неколку јудашки златници со два прсти подадени од костурскиот грчки владика Каравангелис, го обезглави Лазо Поп Трајков. Котас, пишува на споменикот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)