го (зам.) - обврзе (гл.)

Настанот истовремено е и крупен и микроскопски.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Судот оправдано образложи дека самото постоење на зборот жалба, во оспорениот член, создава правна несигурност кај граѓаните – што, пак, е спротивно на уставно постулираното начело на владеење на правото, коешто во себе го содржи начелото на законитост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Х.Х. минува на нова тема, поврзана со претходната. Инструкциите го обврзуваат!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во случај да бидат затекнати повеќе од два непријавени работници со кои не е заснован работен однос, инспекторот на трудот носи решение со кое забранува вршење на работа на работодавачот во рок од 30 дена, го обврзува во рок од 8 дена да заснова работен однос со овие лица и поднесува барање за поведување прекршочна постапка.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Добро, “јас” не постои, тоа не е свесно за себе пред нешто да го обврзе, а тоа е другото наспроти него.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А ова последново го обврзува законодавецот да формулира прецизни, недвосмислени и јасни правни норми – бидејќи само таквите норми можат да претставуваат солидна основа за законито постапување од страна на судските органи. 11.  Одредбите на овој Закон кои се однесуваат на постапката за мирно решавање на работните спорови почнаа да се применуваат од 1 јануари 2008.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)