го (зам.) - нуди (гл.)

Го споменувам ова со цел да покажам дека врските кои ги воспостави Витгенштајн во оваа област можат да останат по страна доколку се одбие да се прифати „ослабеното” објаснување на разбирањето кое тој го нуди.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ова сугерира (само како навестување) еден вид анти-реалистичка слика за „обременетата” содржина погодна за едно интенционалистичко психолошко објаснување на следењето на правилата раководено од страна на јавноста.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дури тогаш кога ќе се сосредоточиме врз критичкото од-странување од мемориската функција - од-странување што ни го нудат електронските мемории - ќе започнеме да го разбираме влијанието што оваа револуција го има врз нашиот живот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Не ли нацизмот ни го нуди најефикасното средство да го чуваме сеќавањето - за него? (овој текст е извадок од подолг текст со наслов “Геополитика и геофилозофија”) Уго Влаисавлевиќ е професор по современа филозофија на Универзитетот во Сараево.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Халкидик се смета за бисер, како најубавото и брилјантното што го нуди грчкиот туризам.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Никогаш повеќе не може да се види толку цвеќе, колку што во мај го нуди „Розовата долина“, селото Розино.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Најнапред го нудат со вода и се остава на негов избор и волја дали, покрај полната чаша со вода, ќе се реши и за друга пијачка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Потем сал туку се излежуваше по дома, си остана младоженец без невеста, едно време се пушти глас дека станал акробат и ноќум одел по жица како месечар, филистејците се такви, на спасителите им подаруваат осаменост, им го нудат и кошмарот на заминувањето од родната грутка – барем сега не се талка со месеци по морињата до Австралија и Нов Зеланд, а ако е до пустини и таму има пустини, но децата таму не чуле за прачки, не виделе дренки и шумски малини, децата таму се далдисани во компјутерски игри.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ја остави прачката во долапот, како да потпевна прачка имам камен немам, па ја бакна мајка си в чело и цел ден и цела ноќ попусто чекаше да му подари солза радосница.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тие се всушност ментални проститутки кои својот ум го продаваат на такозваната бизнис елита, а најчесто и за грст евриња како Енџиоа својот анус го нудат на Западот притоа шиткајќи све што е локално и од историска вредност.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ги собуваш обувките Поминуваш бос по тоа свето место Не го нудиш никому лицето за бакнување
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Обликувачките, субјективизирачки дејства на родот го нудат решението на упорната загатка за тоа како може децата толку рано да се иницираат во културната практика на хомосексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Машкиот геј-идентитет, најпосле, изгледа се обликувал релативно доцна, не порано од адолесценцијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И што точно е тоа што Џуди Гарланд или бродвејскиот мјузикл или другите за нас допадливи артефакти на главнотековната култура ни го нудат, а што не може да ни го овозможи една експлицитна, отворена, нешифрирана машка геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еден друг мој геј-пријател, додека сѐ уште бил основец, ја преработил автобиографијата на Кристина Крафорд Најмила мамичке и ја преточил во драма – само што ликот на Кристина го преобразил во машко, надевајќи се дека кога ќе се поставувала драмата, тој самиот ќе ја игра таа улога; промената на полот му овозможувала драмска улога што можела да посредува меѓу неговиот мажествен идентитет и неговата емоционална идентификација со абјектниот, но моќен мелодраматичен женствен пример.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако „ниеден дванаесетгодишник никогаш не бил одведен на психијатар и не му се молел на Христоса за помош затоа што собирал албуми со оригиналната екипа“, пишува Д. А. Милер, се покажало дека бродвејскиот мјузикл не е „ни трошка помал показател (за хомосексуалниот развој) од оние (други, попрепознатливи негови ‘знаци’) што биле страшно видливи уште од мигот кога се појавиле“.373 Се обидов да објаснам зошто, да укажам каква врска може да има конструирано поетиката на американската култура меѓу жанровите на дискурсот – или стиловите на изразувањето, односно видовите на општествена изведба – и облиците на сексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Им го нудам, исто така, и на оние што ја бранеа мојата работа и што веруваа во неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако е мислењето приватна сопственост, што има вредност само за сопственикот, и него би го оштетиле само лично со тоа што би го лишиле од задоволството што му го нуди, би било важно дали со тоа сме сториле вина само на грст луѓе или на многумина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со насилното стишување на мислењето пак предизвикуваме посебна несреќа, зашто со тоа го ограбуваме човечкиот род, како оние што доаѓаат по нас, така и сегашните генерации, луѓето коишто со таквото мислење не се согласуваат, дури повеќе од она лице што го изразува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако мислењето било правилно, на тој начин сме ги лишиле од можноста заблудата да ја замениме со вистината, ако било погрешно пак, сме им одзеле нешто што е речиси подеднакво скапоцено, имено можноста вистината при нејзиното соочување со заблудата да ја видат појасно и да ја почувствуваат поживо.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Исушената, изнемоштена рака му го нуди каменот, и пламенитата порака врежана во него, пораката на луѓето од златната раса, боговите во човечки лик што уживале во светот на белите еднорози, која е осудена да минува низ алчноста, лекомисленоста на калливите потомци, на кои им припаѓаат и синот Азаев, и патрициот Константин, и бедниот Сириец, и тој самиот, и младиот придружник што маѓепсано го голта каменот со засолзени, од возбуда, поглед – заточеници на сопствената нискост.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Иглтон ја отфрла зачестената сугестија дека терминот станал повеќе проблематичен одошто вреден и го нуди следното како дефиниција: „идеи и уверувања кои помагаат да се легитимира интересот на една владејачка група или класа особено со изопачување и затајување.“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Возбуден и без здив, со чувство дека е и самиот со дупнати гради, Онисифор Проказник го гледал сето тоа со замрзнат прст свиткан околу чкрапецот на кобурата и можел и самиот да се прослави со своите стрелци: еден од противниците просто како да му го нудел челото. Сепак - не можел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој човекоморен виор, сеедно кој од каков сој е, од каква вера и какво потекло, им го пиел мозокот на луѓето и им ги јадел срцата, и никаков господ не можел да создаде поредок во кој ќе се живее и ќе се умира како што му доликува на најумното и најулавото суштество на светот што секогаш се движело по границата на доброто и на злото, ту со ум на една страна ту со срце на друга.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да не сакаш да ти дам пари на заем? Да не сакаш ова, да не сакаш она. - Го нуди тој.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
„А, да ви го издадам на пола час?“ Го нудам просторов како хостел на стоење за скромен надомест.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но, мораш да го искористиш патоказот кој ти го нудам. Отсега продолжуваш сама“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Терапевтот не објаснува, ниту интерпретира, ниту пак поставува задачи, туку само слуша и поставува прашања за специфичниот јазик кој Лена го нуди.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа вади од чантата бисквита и го нуди.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во неговиот дел на Нојовиот ковчег стоеше брат му повеќе званично отколку комотно и го мереше со млака љубопитност. „Дневниците не ми беа високи во смоларата“ , покажа кон креветот Отец Симеон; го нудеше да седне.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Свет што толку широкоградо и отворено им го нуди на сите вљубеници во убавите четива, особено на поезијата, на стихот.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Во тој миг тајната што можев да ја откријам, засекогаш стана недостапна за мене, до денот кога го нудам овој ковчег со дел на некакви тајни - отворете го или останете им првиврзаник на претпоставките.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Чув, не можеш од мене да скриеш те издаде нечие присуство: дека побрзо ќе гниеш од сите кои со тебе беа, а не го признаа твојот удел Иако во дните страв беше влеал успеа да го земеш само она што ѓаволот го нудел... 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
За да дојдат токму овде, на инвеститорите треба да им се понуди нешто повеќе од она што го нудат останатите.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
„Можам ли да влезам?“ рече авторот решен да си го овозможи она што женичката очигледно не му го нудеше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не обраќајќи ѝ се на никоја посебно, додека уште ѝ го гали образот на малечката, вели, трудејќи се најстарата да го чуе и истовремено во ретровизорот покажува дека би се фрлил во длабочините на погледот што му го нуди малечката, предизвикливо насмеана: „Што би било малечкава вечерва да преспие кај мене, а јас утре да ви ја донесам во Гостивар?“ „Не може!“ вели најстарата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Седни, седни! - продолжи бабата да го нуди.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Прилогот што професорот Седларски им го нуди на своите колеги има една и единствена цел, да го запознае ценетиот собир со содржината на спомнатиот Дневник.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но исто така ми е познато и беспаќето што тој конформизам нѝ го нуди!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Место мојот најсвеж сон што Пачев го очекува со необично сладострастие му го нудам објаснувањето на Загорка Пеперутката што може да се искористи во случаите што се чинат неразрешливи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дали среќата танцува? Какви се нејзините чекори?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дали изнесовте од визбата од она вино што само на победниците им го нудите?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
ДОДЕКА СРЕЌАТА ТАНЦУВА
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Повикување на интуициската пумпа: Rychlack-ова соба Единствениот доказ за ограниченоста на компјутерите што Rychlack нѝ го нуди е верзија на Searle-овата (1980) позната Кинеска соба.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Она што го сметаш за свој слободен избор е само слепо сфаќање на она што други ти го нудат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
НОВЕ: (Остава пошта. На Божо.) Строго дов. (Вади кутија апчиња. Го нуди Јаков.) Специјални седативи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)