го (зам.) - нервира (гл.)

Не минаа две-три тури од играта, газдата на арабаџиите го нервираше бавната, речиси неподвижна игра на старите играчи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Или, за татко ѝ Јосиф кој го нервираше со молчењето, но кој со тоа покажуваше дека почнал да му се плаши, зашто неговиот сурат не е веќе сурат на чирак?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа го нервираше и промрморе како за себе: - Праведна казна!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Него го нервира само кога не знам нешто што тој смета дека би морало на моја возраст да се знае.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А бе, мани го татко ти, што знае тој за феминизмот и за сестринските врски, нека си гледа своја работа! – малку подналутено рече тетка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа ти е како да му го раскажеш некому филмот што тој има намера да го гледа – се буни Ведан, одбивајќи да учетвува во „литературните катчиња” на татко ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од таа навика никако не може да се ослободи, а и не сака, зашто ужива да ги споделува со нас своите читања, што особено го нервира брат ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ништо, ама него го нервира вашиот феминизам, твојот и на мама.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Сака да биде различен од другите – рече мајка ми – и тоа е на негова возраст природно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, знаеш ли зошто? – Зашто сите други носат, а него тоа најмногу го нервира.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Чувствуваше дека секој збор тешко го погодува... Дури и како да го нервира ...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Китките од шарената узда му паѓаа над очи и мошне го нервираа, но знаеше што носи на себе, та не се осмелуваше да прави што сака Свиленото сеџаде светеше врз седлото, а златните пулејќи на уздата ласкаа на есенското сонце.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тоа, изгледа, го лути, го нервира, и од инает се врти и опашката си ја гризе.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Тоа го нервираше Мил и постојано го тераше да ја употребува десната, да се служи и со неа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)