го (зам.) - негира (гл.)

Неговата привлеченост од Христос како фигура и неговото искуство со смртта го okno.mk | Margina #11-12 [1994] 91 доведе до таму да не го негира минатото, туку да го трансфор­мира во колективно наследство (како што тоа е изразено во неговата витрина посве­тена на Auschwitz).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Само на крајот ја почувствува одговорноста за Германија, кога почна да го обработува прашањето на екологијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој не ја прифати вината за војната.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
После седумдесеттина години од истори­јата на филмот, колку што ја делат Ворхо­ловата работа од овие пионерски обиди, неговите филмови, дури и со идентична содржина, добиваат сосема поинакви коно­тации, како кај Кле, кој откривајќи го дет­скиот цртеж, подигна еден вид симбо­лизам на ново ниво.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ворхол во своите филмови непосредно се надоврзува на својот сликарски опус (како Фернанд Леже во „Механичкиот балет”,1924.) во есте­тичка, и како што видовме, во технолошка смисла, и на извесен начин го негира филм­ското наследство.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Otto Hahn: „Некои луѓе сметаат дека авторизирајќи ја репродукцијата на вашите редимејди, го негирате својот херојски став со презир кон трговијата, став кој го држевте четриесет години; со други зборови го уништивте митот. Марсел Дишан: Ах, се жалат, квичат! Мораат да кажат: „Тоа е страшно, подлост, срам.“ Ќе им одговара да ме затворат во категорија, во формулар. Но тоа не е мојот дух.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Наместо да ја тераме публиката да дојде до уметничко дело, ние ја бараме нејзината поддршка... Публиката од сѐ прави просечност. Уметноста нема ништо заедничко со демократијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Како можело атеистот да го негира постоењето на Бога и во исто време, да се бори за него? – ме прекина А.А.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Постојат индиции дека во еден период за време војната работел во Медитеранскиот воен штаб, но тоа режимот секогаш го негирал.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од друга страна уметноста го негира прогресот како фикција со својата вонвременост.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ако одговориме потврдно, тогај, очигледно не водиме сметка за комплексот придружни составки кои го дефинираат и материјализираат првиот допир; доколку пак го негираме тоа - ние свесно ја скаменуваме континуелната смисла на творечкиот чин, зашто авторот тогај би се престорил во објектив, во ѕид врз кој е втиснат далечниот печат на зборот, сликата, тонот...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Умножувањето на бројот на ракописите, конкретните и оние кои се исчитуваат посредно меѓу редови, место да ги осветлува настаните од повеќе агли слагајќи роман-мозаик, тоа умножување, меѓутоа, твори наполно нова конструкција на меѓусебно противставени документи кои како позитив и негатив постојано го негираат веќе реченото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како болен од рак кој сè уште не чувствува болки, па сосема свесно го негира постоењето на болеста и се убедува дека лекарите згрешиле во дијагнозата, без да знае дека болката е само последната, конечната фаза на смртта која тој веќе ја живее.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Пожртвуваноста на Ана... - Нејзината привлечност е во она што ти во неа го негираш, она силното во неа ти го презираш, зашто можеби, од некоја тврдоглавост, сакаш да му се спротивставиш.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само тоа, синот и нејзе да не ѝ каже за својата намера да се замонаши, плашејќи се, сигурна сум во тоа, не дека таа нема да ја разбере неговата обземеност со верата, уште помалку дека ќе го негира неговото право на избор на свој светоглед и начин на живот, туку дека ќе моли да го поштеди татка си...
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На некој начин, технологиите го негираат трансцендентниот Бог за да го воведат Богот- машина.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Значи да бидам јасен: контрадикција е кога некој кажува нешто и го негира во исто време!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Па само сакав да кажам дека некој е контрадикторен ако каже нешто па потоа, во истата реченица, го негира.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Бевте во право кога велевте дека во текстот беше изразена толку силно хармонијата на еден маж и на една жена низ нивната тишина за што тешко можело да се најде друг пример, слика на една чудесна убавина, која трансцендирајќи секаква друга конкретна реалност, ја чини вистински амблемска.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Така, можеби, ужасот кој ве обзема пред Атеистичкиот музеј го имал помалку за причина фактот што оваа доктрина го негира, како што означува и самиот наслов, постоењето на Бога (после с, дури и меѓу верниците кој би можел вистински да каже што значи постоењето на Бога), отколку волјата да се негира постоењето на душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Еве ова се трошките од мислите кои ми минаа низ глава и за кои имав толку многу тешкотии за да ги изразам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во таа смисла детето е друго на возрасниот: значи дека тоа е неговата судбина, најлукава природена форма, а која го негира неумоливо, движејќи се притоа со умилност на нешто без никаква своја волја.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тука се раѓа чистиот архитектонски објект, оној кој го негира градот и неговата намена, го негира интересот на поединецот и заедницата, истрајува во сопственото лудило и на кој единствен парник му е гордоста на ренесансните градови.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
25 Границите не служат само за разграничување помеѓу „пријатели“ и „непријатели“, помеѓу „граѓани“ кои имаат одредени права и обврски и „странци“, туку тие исто така го сочинуваат она што е блиско и прифатливо за заедницата, како спротивно на она што заедницата сака да го негира, стигматизира и депортира, да го отфрли од своето тело.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)