го (зам.) - научи (гл.)

Животот го научи татка ми никогаш да не ѝ се предава на несреќата предвреме, туку, во времето што преостануваше, поземаше сили од умот како да ѝ се спротивстави...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тешко е да не ја глумиш оваа приучена префинетост, а да им се доближиш на оние кои само тоа успеале да го научат, но ти зависиш од нив и мораш да ги усвоиш истите норми што нивната реалност ги спроведе како закони за опстојување.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Заради нив тој го научи сефардскиот, иако ритуалот во синагогата го врши на хебрејски јазик, а проповедите на англиски, кој и по толку децении го говори со заостаток од германскиот јазик и јидишот, еврејска варијанта на германскиот, во посебни пригоди знае да проговори и на ладино, јазикот на основачите на неговата синагога.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ај белки ќе го научи господ да не ме послуша.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Го научи дури да му подрече дека Стојан се слизнал вчера на корупка од тиква и лошо паднал, а самиот излезе уште рано, гледајќи да не се сретне со дедо Ивана.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Стариот дедо Иван ги насади компирите во почетокот на март, начесто, како што го научи Пискулиев.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ама ќе го научам... - врескаше водарот и се џареше во нас. Очите му беа крвјосани.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Прва, па втора, па трета, па четврта...“ правеше движења божем менува брзини.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А сега тишина и гледајте: вака се држи воланот. На празно не смее да се врти.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ова е за палење светло - фарови. Ова - трепкач. Тука е гас, куплунг, сопирачка. Ножна, се разбира. А рачната сопирачка е тука. Сево ова го научив вчера попладне. “ Лицето му беше збруштено.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Шетајќи по панаѓурите низ Мариовските села, уште во првата година од женењето, на Спасовден, се запозна во Полчишта со Јована Мачникот и овој го прибра кај себе за да го научи на неговиот занает.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така на луѓето може да им биде потешко од кучињата да се научат на самодоволност, отколку на кучињата да го научат јазикот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ти зборував ли за оној тип што го научил својот чмар да зборува?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Доле само ќе го дрмне како кога ќе го притера човек.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Егзилот го научи дека, токму во услови кога доминира инерцијата на деспотската власт, останува широк простор за раководење според интуицијата, небаре Аријаднин конец на судбината.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А мој Бојан, не берете гајле, ќе го научи и неварено млеко да пие, а сам и од овца направо да цица...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- И тоа значи си го научил? Ги вардиш овците што се ојагнуваат, - му шепотеше Бојан на кучето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ако патем, случајно и срушиме нешто, тоа не е наш обичај, тоа го научивме од оние дивјаци, Србите. - вели мојата сосетка.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Приказната на Вилијам Велман како во почетокот на дваесетите го научил занаетот режирајќи филмови од две ролни - „Сцената покажува правлива улица пред салунот; едно кученце лежи на скалите; херојот излегува, го погалува кучето и се качува на коњот; арамијата излегува, го шутира кученцето и го јавнува коњот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сите мали мачиња како и дечињата овој збор го научуваат најпрво.) - Мјау, мја, мјау! - продолжило да мјаука мачето а тоа му значело: „Мамо, децата ме тргаат за опавчето!“
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Мусли бег нема да го испушти Јована да премине на чифлигот Јаузоски, припратен е по него како по свој, го научи турско писмо, го изучи да свири ут и го изучи да го толкува Коранот и му има повеќе доверба од на синовите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Седни. За идниот час ова да го научиш и сам да се јавиш.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Многу труд вложи отец Стефан за да го научи логотетот на старите, постоечки букви, но никако не одеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Слегов од мотоциклот и реков дека не сакам, дека мотоциклите не ме привлекуваат, но дека можам да го научам Земанек да вози подеднакво добро колку и јас.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А логотетот потем падна на коленици пред Филозофот и со солзи радосници почна да го моли да го научи и на други мудрости подобни и богоугодни, на сите уки и тајни откровенија што во себе ги хранат буквите и словата од родови разни, изумрени или живи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми беше јасно дека Луција не ме избрала мене за оној кој прв ќе има можност да го види раѓањето токму на тоа движење; јас знаев дека тоа движење на Луција не е и мое, и сакав ние да имаме само наше движење, и не сакав да учествувам во тоа, како што е природно љубовникот на една жена да не сака да ги носи пиџамите на нејзиниот претходен љубовник; ме излудуваше мислата дека таа дури сега ме допушта во себе, откако стекнала извесна предност во искуството со мене, откако го научила тоа движење и сега ете, ми го покажува, како што се покажува нов автомобил на некој кој нема никаков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На крајот, она на што машката геј-љубов кон бродвејскиот мјузикл го научила Милера е токму поуката на која тука настојувам и јас самиот – поука што првобитно ја научив од него – односно, дека геј-идентитетот не му соодветствува на изразот на геј-субјективитетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дел од она што бидувањето стрејт го повлекува е учењето како да се имитираат стрејт-мажите, како да се изведува хетеросексуална мажественост, а потоа и да се заборави дека тоа, впрочем, си го научил, исто како што мораш да го пренебрегнуваш и фактот дека тоа го изведуваш.218 Геј-мажите, наспроти тоа, се разликуваат токму по својата свесна свест за однесувањето како стрејт-мажи секогаш кога ја изведуваат нормативната мажественост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се друго купуваа на пазарите во Костур и Рупишта и во средбите со месното, македонско население, попрво го научија македонскиот, отколку грчкиот јазик. Сега Инои, некогашното Ошени личи на град.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нашите родители, доаѓајќи во Виена, имаа решено, како и многу други Евреи во градот, да им го пренесат еврејството на своите деца само преку крвта, но не и преку религијата; се надеваа дека тивката асимилација и сочувувањето само на невидливите белези на нашето потекло – оние кои се во крвта - ќе направи да бидеме рамноправни со останатите граѓани, а самите тие остануваа во својата вера онака бесшумно како што татко ги изговараше зборовите додека гледаше во „Талмудот“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Разменуваше малку зборови со мама, прашуваше дали е сѐ во ред со нас децата, со домот, а потоа ќе го земеше „Талмудот“ и, седнувајќи што подалеку од другите, тивко почнуваше да чита на хебрејски, јазикот кој за него беше свет, а кој никој од нас, неговите деца, не го научи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Клара и јас го научивме доктор Гете да плете.“ „И тој плете?“ „Понекогаш.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го однесов до последната просторија што сакав да му ја покажам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со тоа само се објаснуваат и желбите и усилбите на покорителите да ги направат покорените да се откажат од својот јазик и на негово место да го научат нивниот; исто така со тоа се објаснува упорството на покорените народи да си го зачуваат сето свое духовно народно наследство, а особено јазикот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сепак, му беше благодарен на татка си за две работи на кои го научи – да умее самиот да си го вади лебот и да се образува колку што можеш повеќе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Без неа, таа што единствена го научи како вистински се љуби, тој сега ја почувствува сета самотија на ноќта околу себе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Татко му прво го научи како се прави платното од козина за покривот, за тој да држи сенка во жешките пладниња, а топло во студените ноќи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Така го научи татко му, и такви шатори тој правеше сиот свој живот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ридот со неколку дрвца стрмно се качувал кон својата гола грпка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тој бил и останал љубезен и со насмевка на младоженец пред прва вечер во која тој само ќе го повтори она што го научил на тајни среќавања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не бил фанариот, се колнел, не веќе распоп ами побратим или брат на светиот Гаврил Лесновски, дека во манастирот пеел на јазик на кој го научил да пее калуѓерот што го нашол по борбите со аскерот на пашата Лобуд, како што го научил да копа и да јаде половина од она што можел да изеде негов врсник, парче поскура, неколку маслинки и капка вино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најпрвин таа се тргала од него и се лутела што ѝ здодева, не била таа не знам каква секој да ѝ го попречува патот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сопнал а можеби и сакал така да се случи, не знаел (најпосле тој трик можел да го научи во лесновската шума од неуморниот заведувач Арсо Арнаутче), паднал повлекувајќи ја и девојката со себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Трогнатиот отец Панделиј, последниот жив јунак од битките во Негуш, од ракијата дури малку и се сцрвел во лицето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, овците немале само проста задача да јадат, туку со својата присутност давале и голем придонес во растот на еколошката свест кај луѓето, всушност, биле живи книги од кои, децата, а и сите заинтересирани, можеле да го научат она што не го знаеле за овците.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Го навртела у(в)ото лиса и - кап! за у(в)о ја грабнал јазоецо со заби и ја задржал до него дури да дојде чоеко, да го отепа него, ама баре и таа да не куртулиса, чунки му отказала да го научи како да се куртулиса.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Не можеш сите да ги паметиш. Токму ќе му го научиш името и ќе го однесат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но, природата на нештата го научи да балансира со сосема спротивните карактери на Ружа, Рада и психички нестабилната сестра Ана. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На тој начин јазикот на терапијата се гради одново во секој тераписки процес, со користење на говорот на пациентот и другите учесници како тули, а не со воведување на професионалниот говор што терапевтот го научил во своите професионални кругови.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Исто така тешко може да се поверува дека може некој да го научи народниот говор.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но фонт- дизајнерството не беше нешто што било кој во RISD можел туку-така да го научи.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој на сликарите на „Мост” им ја пренесе техниката на бакрорез, а од нив го научил дрворезот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Махмуд Дарвиш ако пее - пее за слободата, тој е роден за да ја именува (како што пее Пол Елијар во песната Слобода), додека Јасер Арафат живее за да ја оствари.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За Махмуд Дарвиш Ѕвездите ќе имаа само една улога: Да го научат да чита.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во поодминати години тој имаше судни маки да го научи како што приближно треба македонскиот јазик од групата словенски јазици, со кодифицирана азбука и граматика малку време по неговата преселба во Македонија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но сепак Камилски, откако помисли дали ќе биде тоа еден од светските јазици, или првиот јазик што го научил, категорично одговори: Се разбира најсладок ми е мајчиниот јазик? Не! рече Татко со блага насмевка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овде немаше време да го научи како што треба службениот македонски јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зар може да има друг јазик, освен мајчиниот? Има, тоа е јазикот во твојата уста!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко можеби имаше поголема среќа со наследениот турски јазик од мајка со студиите во младоста во Цариград, во албанскиот беше целосен, го владееше францускиот, се служеше со италијанскиот и германскиот (знаењата на овие јазици им ги должеше на окупациите на родниот Поградец за време на Првата и на Втората светска војна), тешко се справуваше со македонскиот јазик, кој го научи, но и недоучи, доцна во животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И пред луѓето што го гледале тоа да се изначудат, да речат дека што го гледале тоа да се изначудат, да речат дека Питу Гули го научил да пие вино или дека имале заеднички сон, ист и во исто време, коњот полека ја кренал главата од бочвата и додека од коњските усни му капело вино, се свртил и, пак со галоп како што дошол, и се предал на темницата, бил ноќ во ноќта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Полека се присеќаваше на животот преку море, на бараките во кои живееше парченце од срцето на и проколнатиот и благословениот Балкан: меѓу другите - Турци, Грци, Хрвати од Далмација, нешто малку Бугари и нешто македонци, глутница што двапати дневно се развлекуваше како тесто, бараки - фабрика, фабрика - бараки, човечки толпа од закрпи на тага, неутешност, страв, искушенија, пцости и песни донесени од далечини, бил во туѓа земја и го научил животот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа е факт што мораш повторно да го научиш, Винстоне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„ Каде си го научила тоа“ ? праша тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ете, и јазикот доста добро го научи. Нивниот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Па и бурмут го научија да трпа, та, ене го и тој дошол и седнал кај Петруша, којшто покрај бурмутот и цигарата и „чај“ му нарачал.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа беше тука да ја подучува за да го научи италијанскиот јазик а верувајќи дека, играјќи со сефарадските дечиња, ќе го научи и ладино јазикот со кој, во Солун, се служеле шпанските Евреи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко внимаваше на сите овие детали чие значење можеби и го увеличуваше, но таков си беше, на тоа го научи животот на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од вујната Клементина убаво го научи италијанскиот јазик, добивајќи го дури и римскиот акцент.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Прометеј својот генски пул го научи и на многу други вештини и знаења.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Според званичната верзија на легендата, тој/таа беше осуден на најсурови маки поради ова недозволено пренесување на доверливи информации.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И како што тој упорно тврди, филмскиот занает го научил кај Американците.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Занаетот го научи уште од дете, од татко му, и му навлезе во тајните; во почетокот му беше тешко: раце му се разрануваа од удирањето со чеканот, постојано му беа изврзани со крпи, но со време се извежба така што удираше со чеканот на глетото и без да гледа во него: можеше да разговара, да ја врти главата настрана, да фрли поглед било каде, а чеканот сам, непогрешно да удира на глетото и чивиите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таа не беше со намера да го научи неговиот јазик.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Вие да немате грижа“, им рече Едо. „Јас кај чичко Ратко ќе го научам занаетот“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Тоа би сакала да го научам... Сакам непристојности, особено онаа бидејќи имам пријател со тоа име кого уживам да го зафркавам зошто чезнее да ми посака ама не може да се осмели“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога, додека чекаше во долгиот ред пред пасошката контрола на аеродромот во Торонто, ги виде оние очепарачки транспаренти на кои со црвени букви пишуваше „Nous parlons francais“ и „We speak English“, му подолесна: Овие сигурно разбираат и германски што го научи во Австрија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Патем пак го молеше за тоа да му прости на Мирчета, но Луман му објасни дека верува оти тој Мирче е сиромав, само сака да го научи народот да знае со кого има работа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тоа го научи и Зоки Поки за својот роденден.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Веќе ја распознаваше неговата свирка, но сега тој се обидуваше да го научи да го разликува – остриот, краток свиреж: „дојди“, долгиот, развлечен: „ти носам храна“; два едномерни – „подигни се“, при што змиулчето ќе ја извиеше главата и горната третина на телото и одлепено од тлото, се нишаше лево- десно.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Некое момче от добра рода поминало тамо заради лов и Бог го научил, дошел близу на това место дека е била Мариа, и чул стенание, и така потрчал на глас стенанија и нашел та девојка.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Неколкупати имаше изнајмено француски филмови, па кога при крајот на филмот разбра дека ништо не разбрал, увиде дека јазикот го има сосем заборавено или пак дека можеби и никогаш не го научил.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ѓорѓија размислуваше како би изгледала гола. Тогаш би ѝ ја распуштил косата што секогаш ја носеше врзана.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Те фатила маката и мораш и тоа да го научиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Искрено да ви речам, и јас првпат го научив ова - и восхитена сум.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тој од својата мајка го научи турскиот, односно, османскиот турски или турската османица, за да орстане во Истанбул.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вие научете го, изучето го, усовршете го... пред борба, а потоа во борба сами ќе се убедите дали добро сте го научиле.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Е, тој занает, почнувајќи од сега и наредните три-четири дена јас ќе ви го научам.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И така, несакајќи, тие го научија нашиот јазик.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога ќе го научиме тоа што треба да го научиме, тогаш ќе бидеме распоредени по единици...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како сега можеме да го научиме компјутерот да ги препознава овие објекти на фотографираната сцена и точно да означи кои регион на фотографијата им кореспондираат?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Нема да ви го прераскажувам тој расказ, само ќе ви кажам дека тој волшебен збор е „молам“, и само толку да ви кажам дека детето што пред да научи да го употребува тој збор било несреќно, никој не сакал ниту една желба да му исполни, зашто било остро на јазикот, но штом го научило волшебниот збор „молам“ сите желби почнале да му се исполнуваат.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
КЛАУС: Вие сте поет. Толку импресивно-звучеше тоа што ми го издекламиравте што за момент помислив дека однапред сте го научиле напамет. (Гледа на часовникот.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Дури и Бреза го научи, ама никако не можев да ѝ го објаснам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тоа - „да пукне“, го научи од мене, ама никако не научи како правилно се удира со сопствените дланки врз дланките од оној другиот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Каде го научил тоа и како му успева?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Всушност, од неа го научив орото „Елено моме“ да го играм.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во селото се правеа многу свадби и ме викаа да помагам, одев и кај роднини и кај јабанџии да им помагам, зашто многу убаво го месев лебот, посебно убаво месев мајалник – наутлија, тоа го научив од стрина ми Риска.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ама, нема шанса, нема никаква шанса тоа да се случи. - Ми ветуваш? – го прашав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа ќе значи дека ептен одлично го научил англискиот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)