го (зам.) - насочува (гл.)

- Па што мислиш ти! - раскажувачот го насочуваше мракот на своите очи кон правецот од каде што идеше прашањето и долната сува уста му се грчеше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Уште малку ќе посакаш од мене да ти поверувам дека го насочуваш на мене својот пиштол само за да спречиш, читајќи го ова писмо, да не си го расипам - апетитот?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Постојано го насочуваа како да мисли за овој или за оној човек, за оваа или за онаа работа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А тоа значело полно господство на туѓиот капитал, кој го насочувал развитокот на народното стопанство така што земјата да дава селско стопански и други суровини за европската индустрија, а да купува неопходни готови производи однадвор.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Француското образование со векови го насочуваа езуитите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тој го насочува вниманието на нејзините тркалезни колкови сѐ додека не ја принуди да се сврти и да го погледне.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Мотивацијата за избор на псевдоним или на друго име најчесто произлегува од профилираноста на самата работа со која дотичниот уметник се занимава, односно во центарот секогаш е артистичкото дејствување кое го насочува и влијае на неговиот избор обликувајќи се во името како проектирана слика на самата личност и нејзината уметничка активност: Banana Queen, Texas Postal Art King, Art Tart, итн.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И Енциклопедијата не е знаење туку помнење Во овој круг песни, по ниедна цена не настојував да го насочувам текот на мојата миспа и на мојот поетски запис.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)