го (зам.) - наслуша (гл.)

Понекогаш, во длабините на тој занес, му се чинеше дека затаено го наслушува животот на сиот свет во кој, како што сè повеќе се уверуваше, сите деца на светот спијат толку спокоен и блажен сон во оваа долина на среќата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Низ неа проговоруваат и природата и оној долу во дамнината, некаде во четвртто ледено доба, над дваесет илјади години пред нашата ера, кога ги забележал своите пештерски цртежи, и оној, далеку во иднината што веќе го наслушува нашиот глас и, ене, се одгласува.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кога запре дождот, Цанул излезе, и по некаков кучешки осет, се упати право кон лозјето; се допре до колибата, го залепи окото на прозорчето, ја виде кожата кај што прета, го почувствува нивниот здив, го наслуша нивниот глас, нивното 'ржење и збивтање, му удри крвта во главата, му зашумеа ушите, го грабна копачот и почна да тропа на вратата: ”Излегувајте, мајчето ваше!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Воопшто не беше лесно да се трча низ угорница, низ густите гранки, да го види бикот, освен тоа што можеше да го наслуша неговото рикање, во не многу кратката далечина; Останатата контрола над бикот, беше, скоро невозможна.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)