го (зам.) - нарушува (гл.)

А мирот постојано сака да го нарушува некој нов дробач-недробач Сакаш да ја отвориш вратата и да влезеш. Влези... не е заклучена!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Го враќаме својот долг кон сите, полека се помируваме, и исчезнува слухот и видот за светот околу нас, не постои ништо, ниту ноќта, ниту денот, пред овие предмети кои спокојството на собата го нарушуваат, тука јас признавам сѐ.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
БОЖО: Сееш отров, го кршиш законот, шириш контраверзи, го нарушуваш редот и мирот, нѐ деморализираш, ги навредуваш нашите најдлабоки патриотски чувства.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Совршенството на гревот не го нарушувај.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И при умирачки во семејството не го нарушуваше толку движењето, изразот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Падавичарот Кољо беше карикатурален лик кој сакаше да остави силен впечаток во јавноста по својата елоквентност и начитаност, но неговата беспрекорно јадна харизма сериозно му го нарушуваше планот за некој посериозен успех.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)