го (зам.) - наречува (гл.)

Го следи авторот она што го наречува фигуративно како „зборување на молкот”, „реч на тишината”, имено, во тој маѓепсан простор се разоткрива и мизансцената на приказната – возбудливата одисеја на мајката Ервехе и нејзиното семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Грците исто така не ги разликуваа словенските народности и сите Словени, особено тој дел од нив што им причини најголеми непријатности и се наоѓаше во турско време под нивната заштита, тие го презираа и го наречуваа со презреното за нив име „Бугари”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Жителите на ова мало азиско крајбрежје затворот го наречуваа со име што не може да се запамети.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
160. Мисирковата поделба на нашиот литературноисториски развиток на три периода не е без основа, особено ако се има предвид целта и времето на периодизацијата: првиот период го претставува времето до појавата на националистичките пропаганди во Македонија и до задушувањето на употребата на старословенскиот како литературен јазик; вториот – времето на националистичките пропаганди (до појавата на книгава, 1903), кога се воведуваат туѓите јазици во Македонија како литературни, период што е како „непреодна стена” помеѓу претходниот и новиот што тој го очекуваше со реформирањето на Македонија и со воведувањето на македонскиот јазик како литературен за сите Македонци, изграден врз основа на резултатите од развитокот на современите народни говори, коешто го смета како трет период што го наречува „преродба”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Блажен го наречуваме твојот многугласен јазик од кој му огреа на мојот народ светлина на триж вечниот Бог.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Некако, како од длабина, се слушаа извици на демонстранти кои бараа да се прекине војната во Виетнам, извикуваа против амерканскиот империјализам, против Никсон кого го споредуваа со Хитлера и го наречуваа убиец на светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јас тоа го наречувам синдром на славјанската мазохистичка душа.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Се сеќавам, во едно од последните писма ми пишуваше како човек обземен од восхит, задоволен од она што го сторил, од она што тој го наречуваше добродетелство.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)