го (зам.) - нарача (гл.)

Толе го нарача Колета уште од саботата навечер и овој даде збор дека утре само нему ќе му свири, па ако сака и самиот Челебија нека слезе да му наредува, нема да го слуша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе е со осум души; нека има другари, според лебот што го нарача, најмногу три, четири до петстотини, а Бахтијар има четириесет илјади.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Масата се исполни со сето она што го нарача Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Силата на четите им се зеде, Бахтијар ги брка како зајаци и ќе ги отпаде откај нас сигурно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Простор пак за некои поопсежни теориски дискусии и полемики скоро и да нема, а фактот дека списанието што го нарача овој текст е единствено од овој вид, а во текот на своите две години од постоењето издало само три броја зборува за споменатиот дисконтинуитет.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Бојана го нарача орото „двапати зад нога“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Проѕирната стија, конечно, го има во својата уста, и јас ќе го однесам кај оној што го бара и го нарача2, за да прогледне, да оздраве, да се успокои, за да ѝ исчезне и омразата кон тупотот во твоите гради - изворот на нејзината несреќа“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)