го (зам.) - напушта (гл.)

Козарите со козите не го напуштаа плоштадот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се случуваше, тоа ретко, многу ретко се случуваше, татко ми по силна размисла, најчесто в зори, кога реско го напушташе сонот, во мигот кога се сменуваа денот и ноќта, силно да крикне!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но имаше и други непознати семејства кои доаѓаа и го напуштаа Козар маало.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но и таа мисла бргу го напушташе.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој диригираше, публиката пееше, тој пееше, публиката слушаше и ракоплескаше, а кога таа вечер во „Олимпија“ се спушти завесата на сцената, Мишел Сарду мораше долго време да се заблагодарува на публиката, која го напушташе театарот пеејќи го она што пред тоа го слушаше од Сарду...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Карактеристично за печалбарството од овој период било тоа што сите оние кои заминувале како печалбари привремено го напуштале домот со цел да заработат пари и по одредено време да се вратат во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Првиот бран помасовни иселенички движења од територијата на Македонија настапиле по Карпошовото востание (1689) и по Илинденското востание (1903).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
- А многу ли ги има? - праша еден за турските војски, без да го напушта стражарското место.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Што го напушта пристанов а ни опаш од пена не остава зад себе?“ се засмеа Елена со глас небесен, и отрча по шепотот на повејот што шеташе по езерската рудина.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Одново го напуштам овој двор Со рака на усните за да не се чуе Што сакав да ѝ шепнам на мајка ми Некогаш на разделување, Некогаш кога цутеа црешите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И така ние засекогаш го напуштавме Поградец. Адеп на моето детство!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога Фаик Коница кон крајот на 1942 година ја насетуваше блиската смрт му се обрати со молба: „Го напуштам животот со мисла дека од сите само Вие можевте вистински да ме разберете во оваа земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Затоа и доаѓаат први до клучните податоци.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Само на тие љубопитни и ситно зборлести женички им е позната адресата и канцеларијата на секретаријатот на таинствената институција во која се сортираат душите што го напуштаат животот“, му реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Бегајте!!! – се слушаа гласови што се губеа во бучавата на авионите, кои тој ден и наредниот не го напуштаа небото.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дел – Авионите цел ден не го напуштаа небото. Долетуваа и одлетуваа на смени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пропатував бројни европски земји. Заборавив илјадници страници и илјадници незаменливи човечки лица, но склон сум да мислам дека, во суштина, никогаш не сум стапнал со нога вон таа библиотека и вон таа градина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сѐ што оттогаш работев, и сето она што ќе го работам е тоа дека просто плетам и расплеткувам приказни настанати од некои претходни приказни.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Палермо во кој луѓето се борат со ножеви и во кој свират гитари талкаше (како што ми рекоа) зад аголот, но оние кои ги населуваа моите утра и внесоа прекрасен ужас во моите ноќи беа слепиот гусар на Р. Л. Стивенсон, кој умира под коњски копита, и предавникот што го напушта својот пријател на месечината, и патникот низ време кој од иднината донел белузлав цвет, и духот многу столетија затворен во Соломоновиот ќуп, и Пророкот под вел од Курасан кој ја криеше својата лепра под вел од бела свила проткаен со скапоцени камења.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Триесет години минаа. Куќата во која ми се открија тие фантазии е урната.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Каде ли може тој да биде? - си мислеше Остап. - Тоа почнува да не ми се допаѓа“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И тој реши да не го напушта туалденоровиот шатор додека не дознае сѐ.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Доѓаше в село ноќе и го напушташе ноќе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Плаќав и без поздрав го напуштав плашејќи се од својот нож со седефена дршка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Токму кога булукот го напушташе дворот јарето врекна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Двојната улога не почека да го преврти скорешното доживување во благо и „наивно“ прашање: Зошто оваа девојка не го напушта кланот, ако чувствува недостаток на индивидуална бенефиција која ја бара од оние кои не му припаѓаат?
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Беше тоа сложена позиција за дипломатот кој некогаш бранеше една а сега друга реалност? Беше тоа помалку невозможна мисија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поранешните дипломати на Југославија, кои во федерацијата според паритет ги претставуваа шесте републики и двете автономни покраини, го напуштаа предвреме бродот со изгубениот кормилар за да најдат спас во првиот пристан.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога влегувавме со подавалникот во чардакот, подзастанувавме подолго за да доловиме повеќе од разговорот, но строгиот поглед на Татко си го правеше своето. Ние мигум го напуштавме чардакот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Настана молк помеѓу двајцата пријатели кога го напуштаа мост и скршнуваа десно крај кејот упатувајќи се по старата калдрма кон нашиот дом.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нема зошто да го напуштаме, само би требало да го измениме.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Стар пајтон, кој беше минал многу времиња на градот, со ритмичниот топот на снажниот коњ, минуваше крај нив.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Работеле по дванаесет часови дневно, го напуштале училиштето на деветгодишна возраст, спиеле по десетмина во една соба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Блаженото чувство дека е сам со забранетата книга, во соба без телекран, уште не го напушташе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Десет дена не го напушташе слабоста Симона. Му давав лекови што ги донесов од градот и му ги завиткував нозете со крпи во оцет. Температурата слабееше, но пак се појавуваше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но главната мисла ни тука не го напушташе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во некогашниот „Металски завод Тито“ или ФАС „11 Октомври“ пишуваше: не консумирај алкохол при работа, не го напуштај предвреме работното место, користи заштита при ракување со отворен оган, пушење само во предвидените зони, пролетери од сите земји... и така натаму.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Со голема тага во душата, малата Ервехе го напуштила училиштето на солунските лазаристи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И калуѓерката Смилја не го напушташе манастирот. Дојдоа нејзините родители да ја земат дома, но таа се затвори во одајата и не излегуваше надвор, не сакаше да се сретне, да се види.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дури сега ми е јасно зошто баба ми трипати го напуштала.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јагулата, сирена на студените мориња што го напушта Балтикот за да им се придружи на нашите мориња, на нашите утоки, на реките низ кои се движи, узводно, в длабини, и пресрет на дивини, од ракав до ракав речен, сѐ поневидлива постојано сѐ подлабоко, сѐ повеќе во срцето на каменот, провлекувајќи се низ бразди од тиње до денот кога светлината ќе блесне од костените и ќе ја запали молњата во барите на мртвите води по удолните длабини на апенинските стрмнини кон Ромања; јагулата, факел, бич, стрела на Амор кон земјата кајшто сал нашите бразди и суводолици на Пиринеите водат до рајот на оплодувањето; зелена душа што бара живот таму каде што е сал апеж од жега и тага искра што вели сѐ почнува кога изгрева стебло исушено и јагленосано; божилак миговен, двоглед внесен меѓу твоите клепки и блескаш неизвалкана меѓу синовите на човекот, потонати во твојата кал: зар можеш ли ти да не ја сметаш за сестра?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се обидуваше според својата интуиција, која никогаш не го напушташе, да му дава друго, дополнително значење на обичниот природен феномен: долетувањето на галебите, по стотини километри низводен лет, за да стигнат кај други луѓе, во друга земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кучето го напушта коренот на оградата потерано од камшикот на студот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Скаменет ја успивам и последната ѕвезда И храбро го напуштам полето: - Може за друг црвенеат цветовите?!
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Античкиот град молкум го напуштаме ги памтиме звуците на животот пред катастрофата и се разбираме со чкрботот на забите и случајните крици кои личат на оние од мигот на уривањето.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Огнот се држи за него и не го пушта, не го напушта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Не го напуштаме нашето прашање, вели Никифор, како што се бориме за Грција, така и за нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И не го напушта прашањето за тоа, кој ли можеше да го наклевети. И не само тоа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сакам да го споделам уверувањето дека Грамос го напуштаме привремено и само заради стратешки цели.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Затоа, токму затоа, сметам дека таквите укажувања што ми се упатуваат крајно се несериозни, а одлуката на Главниот штаб јас да не командувам со текот на операцијата, туку прв да го напуштам Грамос и да заминам за Вичо, во најмала рака, другари, е навредлива и потценувачка...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)