го (зам.) - напипа (гл.)

А можеби нечујно да ја отвори сопствената врата, да го напипа прекинувачот и да го разбие со еден очајнички удар?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Го стегна уште посилно тагарецот и го напипа писмото. Тоа си беше на своето место.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Автоматски подадов рака кон моето чело и го напипав тоа што пред малку Игбал ми го залеми меѓу веѓите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На дното на темната јама, Еразмо во мракот го напипа старецот, неподвижно струполен на мразот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Раката го напипа ладниот метал во џебот, и тој се вжешти.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тој го напипува чевелот под креветот и замавнува. Искршеното стакло звучно се распаѓа во ситни парчиња а човекот со мундир пак е таму и на тенките усни забележува жолчна иронија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Со една вешта манипулација Граси всушност свесно го напипува пулсот и ги присилува граѓаните да си ја објаснат дилемата пред која тој ги постава, дали ќе му дадат пари на плачливиот уметник кој попрво е паразит, отколку продуктивен член на општествениот ланец на прехрана.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)