го (зам.) - наоглави (гл.)

Навистина, уште е рано, но, како што се вели, нужда закон менува: и тие со татко и нема да го чекаат Крлето осумнаесет и дваесет години да бреа по село, како што прават сиромашките ергени, ами ќе го наоглават уште на петнаесет шеснаесет години, да се отвори куќата и да има кој да му чини измет на татко ѝ и брат ѝ на Бисера.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го наоглави татко му и не може да мрдне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од анчето се слушнаа гласови — Ете, ете, дедот Петко пак ќе го наоглави Илка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Воловите, коњите, говедата што ги гледаа Кулиќевци, ги хранеа и поеја старите Трајко и Куле, а на Толета му дадоа поле „да ја испасе пашито зимата“ за да го наоглават на пролет со Катиното огламниче. И така стана.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)