го (зам.) - нанесе (гл.)

— Сега по него, момчиња, — си ја даде бимбашијата наредбата на јузбашиите и мулазимите и овие му се зашија за врат на Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се разбира, даскалот Димо не можеше да го преболи срамот што му го нанесе Толе пред селаните, та испрати човек во Бешишта и му соопшти на бимбашијата дека Толе е одавде река.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од болот што стисокот му го нанесе Србин почна да се созема, сфаќајќи дека тоа не е грмотевица како што прво помисли, туку дека топови рикаат отаде на фронтот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сакаше својата исповед да ја наслика како слатка одмазда за она што ѝ го нанесе Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
ПОЦКО: Ама така ќе биде, туку, да не наиде некој како тој што го имавме...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кого ќе го нанесе патот, тој ќе биде.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Секој го бара слабото место на другиот за да го нанесе на сигурно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Вицот е значи сцена на најголемо можно понижување на групата, понижување коешто во нашиот случај примитивниот Херцеговец му го нанесува на пристојното загрепско граѓанство.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Токму тој кутар загрепски млакоња е оној што во приказнава најмногу ужива - во понижувањето што му го нанесува виталниот и потентен херцеговски грубијан.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Таа целиот ден го помина обидувајќи се да го ублажи очајот што и го нанесе Еразмо при последната средба.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)