го (зам.) - наметнува (гл.)

(...) Под закрилата на филозофијата на деколонизацијата, поимот на културата кој беше заштитен знак на империјалистичкиот Запад се сврте против самиот Запад и јасно ги именува општествата на кои овој им го наметнуваше своето старателство.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Меѓутоа, правилноста со која тој го наметнува течењето на времето не е само дисциплиниран тек на случки, туку истовремено и ослободување. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 147
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Потоа оди во гостинската одаја, оттаму донесува две веленца, со едното го наметнува Јосифа, а со другото Лазора и вели Сѐ уште е студено навечер.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И победничките империи го наметнуваа својот поредок.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ние сега да си одиме, вели Тахир бег, а си мисли сега, кога помина лошото, ред е и Мурад да се прошета; одовде, по Градишки Пат, смета, ќе отиде до Голема Вода и низ Забелски Ливади преку Коритница ќе излезе на Долга Чешма, потоа низ Торојца ќе стигне на Алилово и довечер по Пазарџиски Пат ќе се врати назад.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Меѓутоа желбите и односот кон објектот го наметнуваат својот ритам, кој сигурно не е ритам на соматската сексуалност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Секое повнимателно следење на постапките на мојот постар брат го наметнуваше заклучокот дека станува збор за личност длабоко проникната од еден вид неконтролирано перчење, или, да бидам по малку и злочест: перчењето е неразделен дел од неговото неодговорно его.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)