го (зам.) - налаже (гл.)

Не, тој го стори тоа што му го налагаа околностите, верата и разумот...  А совеста?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Жими живиот Бог, ги гледа; тука, во сокаците на сиромашките маала, ене ги гледаат како на амалски колички некои нови луѓе ја довлекуваат скромната покуќнина и под присмотра на полицијата се населува во нивните испразенити домови, ги забележува во покриените чаршии на застанати како по навика покрај своите празни тезги во кои продаваа и тргуваа, во замолкнатите синагоги, на Плоштадот на слободата на кој, му раскажуваа сведоци, во 1908та на десет јазици солунските мултинационални сојузници на младотурците ги прогласија заедничките идеали за слобода и еднаквост според светлите европски примери, а 34 години подоцна, солунските Сефарди го доживеаа своето прво понижувачко ропство, од некои нови и отровни изданоци потекнати од искривоколчениот дух на таа иста Европа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)