го (зам.) - накаже (гл.)

Веднаш беше изваил тепачот едно тевтерче од пазуа, завиткано во три мушами еднонадруго и му го подал на кадијата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Коа колнела сирота баба, забораила да ја моли Богоројца таа да го накажи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Фермано, чорбаџи - му рекол на тепачот - ќе остани вечерва кај мене за да го сторам кати во големиот тевтер и да му го удрам муурот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И кога дедот Стале го скрши и ова кандило за да го свети Илија пак да седи во темница седум дена, тој побрза и ноќта ја „доведе“ лисицата пред манастирската порта и тука, „потфатена“ од сите четири нозе, ја налегнаа пците и со кожата ги плати кокошките, а дедот Стале му нареди на Стојка да кладе веднаш чаша во кандилото и да му го запали рано пред вечер, оти свршил работа, го накажал арамијата што ги украде кокошките.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сам бог одредил да биде така, на Водици татко да го изгуби животот, скрушено ги прекорува Никола браќата и свртувајќи се спрема Максима Акиноски, зашто е домаќин седи од левата Максимова страна, вели: Да сака со нас во Прилеп да дојде и Тахир бег па и тој заедно со нас да бара од властите да го накажат Хаџи Ташку за злоделото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од Мехмеда ја сакам Виена, a во Ердељ да го доведе мојот пријател и синот на Изабела Јована Жигмунда и да го накаже Фра Георги ако Казим-паша не сврши работа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нека знае дека и ти можеш да го накажеш што е немирно.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)