го (зам.) - надмудри (гл.)

Се појавиле и нови дедовци со нови аманети, а секој од нив сакал да го надмудри својот другар.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Лисицата го надмудрила гавранот и тој, за да се пофали колку убаво пее, го испуштил од клунот својот залак.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Да зборуваме за месечината, предложи утот. Можеме, се согласив. Смисли нешто за неа. Уживам кога раскажуваат птиците.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А тогаш наведнат, со пушката преку рамо, во која останаа само уште два неубоити фишека, што ги изнајде на дното од пазуварката и ги стави за секој случај, преклонето зачекори надолу по широката трага, свесен дека го надмудрија, дека го исплашија, дека го маѓепсаа така, за веќе ни еднаш во скоро време ни да не помисли на лов на самјаци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпосле смислил како да го надмудри џинот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Додека џинот се освестил главата му станала толку позлатена и тешка од златото, та тој не можел да се крене.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Или станува збор За обичен двојник на божилакот Опчекорен над бездната Не за да го надмудри скокот на еленот Туку за да го принуди и исплашениот Да помине со човечки чекори над бездната По патот што ќе ја надвие Збунетоста од стравот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Немаше човек да не го познаваше Чанга. Тој имаше остар и непредвидлив ум, не беше лесно некој да го надмудри.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во текот на трите следни денови, за кое време не можеше ни око да затвори, се обидуваше да смисли нешто што ќе го надмудри врагот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Изгледаше дека братот веќе си легнал; ниеден прозорец не беше осветлен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)