го (зам.) - надживее (гл.)

Ако, сепак, се прашувам јас, овој стариов со трпениево нема да го надживее младиот, кого секогаш можеш да го сретнеш повторно потаму во животот, како во песната „Остала си увек иста“, па остани во добри односи со него кога ќе се разидете и можеш да го имаш во резерва, тукуречи златна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
У го надживеа својот обожавател. Никогаш не умре.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Кара-Демир, потоа Константин, така тече разговорот, не се грабаат за збор, се сочекуваат, ја забораваат болката и блиската смрт, секој од нив сака да го надживее другиот за временска педа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Едниот сакал да го надживее противникот, другиот исто така мислел дека ќе се исправи над својата жртва и ќе појде на некој поток да си ја лекува раната со сончеви зраци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едниот можел да му биде одраз на другиот, два глечера од кои, по топењето, земјата меѓу нив се закитува со рубинени боболки, капки на бол и мачење достојни и за најкрвава царска круна од времето на Римјаните и подоцна на Словените до последниот султан во чие царство луѓето биле бесени на железни куки или гаснеле забуцувани на кол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Границите го надживеаја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
В клун вода птицана ќе му носи на дабон Ќе го пои и ќе расне тој Да го надживее своето небидие!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Сталинистичкиот режим, се закорени, како никаде другде, со амбиции на новите сталинисти, да го надживеат и во земјата на неговото раѓање.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)