го (зам.) - надвладее (гл.)

Потоа ненадејно, додека ги зацврстуваше бедните крпи околу себе, го надвладеа чувството на сожалување над сопственото уништено тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Модерната уметност сѐ уште не го надвладеала сукобот предизвикан од брзата и делотворна асимилација на историските авангардни движења во системите на тоталитарните држави.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Непријател кој тој ќе го надвладее само преку запознавањето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Не, Борко не претеруваше. Паметам само дека реков: колку е убаво кога мирисот од чинијата ќе го надвладее мирисот на денот. И додадов: Извини!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)