го (зам.) - надвика (гл.)

Но Геро, без оглед на тоа кој колку стигнал да отпие и гледајќи низ планинската маглина на своето покренато расположение, бараше од сите да пеат, барем да го надвикаат доработениот мотор кој не само што кашлаше туку и рикаше по угорницата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Сакате жените и децата со стапови да нѐ пречекаат, се обидел да го надвика Јордан Шоп.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сакате да нѐ вратите без камења. Помочани да излеземе пред светов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што можел да стори Онисифор Проказник - да побара од непознатите осуммина да се тргнат од патот за да помине дружината со двоколките или да заповеда веднаш да се пука?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека се дотапка до нашата маса и застана со нас седнати, Живко го надвика не само бувот туку и звучникот на таванот: - Кој вели дека Прилеп нема вода?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За делче од миг низ неговото сеќавање поминал настан од неговото најрано детство: неугледна старица од некое планинско село дошла на еден Велигден во полна црква и со голем крст во рацете го надвикала свечено облечениот поп барајќи од набожниците да појдат по неа во доброволна смрт.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но кога масата народ почна повторно да бара да го убијат и со своите дивјачки рикотници го надвика неговиот говор, тој замолкна, потиштен, уништен, тажен.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Луѓето скокаа од своите седишта и викаа колку што ги носи грло настојувајќи да го надвикаат излудувачкото мекање што доаѓаше од екранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)