го (зам.) - нагости (гл.)

Ја ведна главата покорно и уште попокорно ѝ нарача на снаата да им стави вечера, го нагости арамијата, поприкажува со него и кога стана овој, дедо Бошко си рече дека ќе здивне.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но Ордан Бришкоски, кој бил пријател со Акиноските во Прилеп, откако го нагостил убаво, го врзал, насобрал свои соселани, и преку рид, околу мала ужина, го дотераа на срецело.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така разговарајќи го поканија калуѓерот еден дедо и една баба да преноќева кај нив за денов, макар што немаа што да го нагостат и напојат како порано.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не знаеше како да му угоди и како да го нагости.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)