го (зам.) - наближи (гл.)

Гавазите го наближија местото, каде беше овчарчето и не малу се зарадуваа, кога ја видеа таму и момата што ја бараа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бранко го наближи споменикот пред гимназијата. Овде обично, во првите вечерни часови, се состануваше со девојката; блиску беше паркот и можеше лесно и бргу да се сокрие од љубопитните погледи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
— Туџари, сме, туџари. Го бараме Најда да ни и продаде бравите од Бедоперевци — се пошегува Толе и веќе го наближија селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Хорацио се накашлува, се протега, се проѕева, па, ококорувајќи се, ми го наближува лицето: - И мене ме копкаше.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)