го (зам.) - мрзи (гл.)

Типот побегна по скалите, колку што можеше побрзо - го мрзеше да го чека лифтот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тејлор подоцна ми кажа дека скокнал на него само заради тоа што јас сум изгледал премногу глупаво со онаа шапка, па некако му било жал...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Погледнавме низ прозорецот и го видовме како влегува во автомобил и заминува.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Говорниците си упаѓаа во збор, се пенеа, зборуваа на неразбирлив јазик (го мрзеше да стави слушалки за превод, и без тоа му зуеше во уши), накратко, ништо не успеваше да сфати.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Јани очигледно возеше кон некоја периферија на Атина, но на Едо толку и се имаше смачено што го мрзеше дури и да праша каде одат сè додека, протинајќи се низ многу тесни улички, не се искачија на едно ритче и не застанаа пред некој влез на двокатна куќа во една мала слепа уличка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не го мрзи да објаснува и секогаш е искрен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, твоето свирење е нешто друго – бев искрена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со брат ми не можам така.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ене, оној братучет ми Саше, го мрзи да вежба секој ден на труба, па затоа кога го слушам како свири ушите ме заболуваат од тие звуци.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го разбрав. Го мрзеше да чита - јас требаше да го ранам неговиот ум со прикаски, да го спасам од вкочанетост и да му овозможам развиток, и пат кон иднината преку мене како преку мост.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не беше романтичар. Едноставно, го мрзеше да престане да ја сака.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)