го (зам.) - моли (гл.)

Таа знаеше дека е оставена засекогаш, знаеше дека залудно го моли.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Мајка ми тивко го молеше да запре, не се оди со глава в ѕид!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Уплашените козари го молеа, го преколнуваа Чанга да запре тука, да не оди до крајот на расказот. Но Чанга продолжи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Ајде да чуеме нешто? - рече мајка му. - Ајде, бате, кажи нешто? - го молеа сестричките.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Мајка му скокна и почна да го моли: - Аман, Коле! Жив ти мене! Тепај ме мене!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ме пофалил кај султанот еднаш или двапати, пак сетне ми закажа и аудиенција, оти многу го молев.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако не се може поинаку, вели, ако е преголема ихтиза, човекот ќе бара некого од спротивниот табор со кого има горе-долу муабет, и ќе го моли тој да оди во дуќанот да му купи, но овој самиот никако не оди.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас го молев да ми договори ауденција кај султанот, како мухтар и како човек што ја штити државата, но и Маказар и целиот крај, зашто имаше неправди спрема рисјаните и за да има мир и слога, треба за сите да биде добро и според законите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Потребна е средба, тајна средба со новиот премиер, „за кој слушам дека ни е наклонет”, го моли архирабинот солунскиот митрополит.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На прозорецот удираше студениот северен ветер, а над Јонија лееше еден од тешките зимски дождови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беренц остана со впечаток дека и покрај несоодветната реакција, целта беше постигната.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Корец знае дека тој беше масон од угледната атинска ложа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го молеше Бога да му даде сила да го издржи искушението и да му даде сила Давидова, мудрост како на Соломон и поддршка како на Мојсеј да го спаси народот од смртната несреќа што му се доближуваше како огромна луња најавена на хоризонтот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
“  „Остави го тоа, татко“, го моли Нина.  „...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Според замислата на Беренц, Лука Карер требаше да падне на коленици и да го моли за милост.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Закажете ми средба со премиерот”, го моли солунскиот владика.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Залудно. Пропаѓа и овој предлог доставен до германската команда преку новоименуваниот премиер Ралис.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Утре уште рано ќе појде кај Сотка и ќе го моли да му ја продаде сликата, па колку сака нека му натплати.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Настанува ноќ толку надежна за штирите жени што дошле да го молат сведенот да им ја благослови со плод утробата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа само го молеше да му каже „на господин Стојчета” дека ѝ е многу жал заради случајот со јорганот, дека таа го моли за извинение, но самата немала што да прави, кога татко ѝ е толку лут на него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Затоа мајка му на Калчо постојано оди кај кметот и го моли.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И подоцна учителот го молевме да нѐ одведе в град, но тој постојано наоѓаше по некоја причина или ни ветуваше кога ќе учиме за езерото и рибите...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се бесевме и на локомотивата што ја возеше чичко Лозан и го молевме да ни раскажува за неа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Другарите се собираат и ја преземаат мојата улога: го молат и му ветуваат дека ќе се поправам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Зошто пак да не ја остави Ката кога Митра го моли и проколнува да не ја остава?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Имам нешто важно да му пренесам од војводата, — му одговори Јован и почна да го моли да го стави со Шаќира.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Добро, — одговори Алекса, — иди по мене назорум, ќе те одведам — и тргнаа: Бајракот напред, Јован по него на десетина петнаесет чекори, убедени дека никој не ги виде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И јас вардам мојот — и го затера и него кај сите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Брак, бре Рушид чауш! Дотука ли беше нашето пријателство? — почна да го моли Бино Рушида.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Години со ред како го моли тој Аргира да го пушти на скелето да ѕида со мајсторите, но овој како да имаше камен во градите, а не срце: остана глув и нем за неговата молба.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И на жена си, која го молеше да им каже барем на најблиските роднини, тој напорки ѝ рече: - Ајде, мори... Нема чергари да водам во Охрид...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Преземајќи ја сета вина на себе, не собираше сили да ја споделува загубата по синот со жена си, колку и таа со очите да го молеше за тоа. Ѝ ја препушти грижата за помалата ќерка нејзе, како што се отуѓи од сопствениот дом, навраќајќи не толку да се види и да преспие со нив, колку да се пресоблече и да ја избричи повеќедневната брада.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Немада ми веруваш, во сонот ја гледам мајка ми, како стигнала до вујко, до својот прв братучед Фетхи-беј Окијар, па го моли, по моите студии, да ме задржи во Цариград, да не се враќам на Балканот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Го молеше небото да продолжи да се истура и да го топи снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во зимскиот период и во раната пролет му се лутеше дека е немирно, дрдорливо, летно време го молеше да не пресушува, зашто неговата водичка ја бараат и градината, и дрвцата, и добитокот да се разладат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Чу само душата како го моли нешто И коските како му крцкаат И имаше сила само да види Ѕвездите врз него – блиску, Марија – отаде ѕвездите...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Но се случува понекогаш на Васко да не му се спие па после секоја приказна ќе го моли деда си: - Уште една, мала...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сега таа како да го моли. Сега Ване се чуди што да одговори, како да се одбрани.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Мајка му, држејќи го за раце него, Максима, и плачејќи го молеше Неби бег тој лично да им го предаде на делениците во Прилеп и да ги моли од нејзино име и од име на татко му лично тие да го испратат до манастирот Трескавец кај стрикото Ефимеј, игумен на манастирот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Важно е, вели Максим, да не дознаат Грчиштата што сме се договориле, дека ако не ни стигне до напролет одобрение за ѕидање црква, сами ние ќе отидеме во Стамбол и ќе го молиме Султанот лично тој да ни издаде одобрение.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го молам Инспекторатот да одобри началникот на Флорински (Лерински) срез г. Жупанец да ја врши должноста срески началник во Прилеп до пристигнувањето на новиот началник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Началник окр. М. Новаковиќ А сакајќи и да ородат два револуционерни соја, но и за понатаму да го имаат под свое Петара Акиноски го оженија со една од Дамческите, со Калина Блажева.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На излез на животот под окна тешки, како излитен капут на теме му тежи и на плешки на оној кој го моли, додека блудничка плата дава.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Кога виде дека сенката го моли, Карамба-Барамба навреме се тргна а и јас со него, Слонот, исплашен од едно полско глувче што се обиде да му се завлече во сурлата, потрча покрај нас и кршејќи се на својот пат се изгуби во длабочината на бескрајната џунгла.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Е, но на топката не е нацртано моето куче Роско и јас сега не знам каде е тоа - во Америка, во Индија, или во некоја улица на градот.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
А логотетот потем падна на коленици пред Филозофот и со солзи радосници почна да го моли да го научи и на други мудрости подобни и богоугодни, на сите уки и тајни откровенија што во себе ги хранат буквите и словата од родови разни, изумрени или живи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во следниот миг Фисот веќе беше станат и ме удираше со тупаници; по лицето, по грбот, по вратот, по слабините; паднав и тој почна да ме гази и да ме клоца; Луција врескаше, го молеше да престане, и јас слушнав како му се обраќа, интимно: „Фис, престани, те молам, престани; тој лаже, тој само се преправа дека е голем маж, те молам, Фис престани, тој ме нема допрено, јаде ќотек од гордост, Фис, тоа е сѐ!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас го молев да слезе, оти секој миг можеше да наиде експресот, но тој велеше: „Не грижи се Луцијо, јас правам чуда; ќе го сопрам возот со поглед, со еден блесок на очите ќе го сопрам; сум сопирал јас и поголеми нешта во животот, Луцијо!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Само да можеше да го разлути и да ѝ ги истури обвинувањата в лице, да ја осуди, и тогаш таа ќе може да се брани наместо да го моли да ја разбере и да ја признае нејзината невиност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Не мора да го молиме сега, кога веќе почна да пее. Вака ќе биде цела ноќ.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Погледи на разделба (Parting Glances) за тогашниот геј-живот во Њујорк – еден од оние нискобуџетни, независни квир-филмови кои на новинарите од ТОНИ веројатно би им биле „невпечатливи“, а за кои јас, ете, имам високо мислење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во таа сцена, слаткиот геј-дваесет и нештогодишен дечко, клубољубецот со патриотски чувства, со романтични копнежи и со републикански ставови му се фали со својата нормалност на еден триесет и нештогодишен панкер кој има сида, за најпосле, носталгично, вака да си го моли постариот познајник: „Покажи ми го Вилиџ“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Особено духовит и резок, но инаку сосема типичен, пример за оваа спротивност може да се види во средишниот, програмски разговор меѓу Ник (кого го игра Стив Бушеми) и Питер (Адам Нејтан) во филмот на Бил Шервуд од 1986 г.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако излезе дека сиве овие вечни тврдења за генерациската разлика се точни и актуелни, тогаш би излегло и дека народон што има над триесет години и што денес виси по пијано-баровите бил до пред само кратко време новата генерација што излегла од тинејџерството и не чувствувала никаква лична поврзаност со геј-идентитетот, со геј-културата и со геј-заедницата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го возиш цела ноќ, по пат го тешиш, го молиш да издржи, да не стенка, му велиш и му ветуваш дека уште само оваа кривина да ја поминеме и зад таа или другата ќе се отвори поширок, порамен пат по кој побрзо ќе стигнеме до болницата; го носиш за да оздрави, а тој, ти се скаменува, оладува, те гледа со стаклени очи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Извесно време пред атентатите Орце испратил писмо до Симеон Радев, со кое го информирал за осигурувањето и го молел парите да му ги предаде на Сарафов.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Го молам Судот да ги земе записниците и таму да види што сум рекол јас во однос на обвинетите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Да го молам, да му паднам на колена. Но, не можев тоа да го сторам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Додека чекорев натаму, замислував како Густав лежи на креветот по мозочниот удар, лежи во бессознание, а Клара седи крај него, знае дека тој заминува, и првпат го гледа не како свој брат и заштитник туку како свое дете, се обидува да го разбуди од она што не е сон и од што никогаш нема да се поврати, му зборува и тоа веќе не е гласот на сестра која го моли да ја заштити од мајка им, тоа е сега глас на мајка која се обидува да го утеши своето дете во неговата нема болка, тоа е глас на мајка различен од гласот на нивната мајка, глас со кој Клара се обидува да го увери дека сѐ ќе биде добро, дека ова ќе мине, заборавајќи дека така се обидува да се разувери самата себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ним доктор Гете им објаснуваше дека одењето в град лошо би влијаело на нивното психичко здравје.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше луѓе кои го молеа доктор Гете да ги пушти, барем на неколку минути, да излезат од Гнездо, ги склопуваа рацете и паѓаа на колена пред него, но тој не попушташе, сеедно што некои од оние кои го молеа беа мирољубиви, и никакво зло не би направиле надвор од болницата, ниту пак би побегнале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А потоа, кога дознава за загинувањето на двата најстари од малите Густави, нема да може ни себеси да се разувери.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа и дошла во овој манастир и таа да му служи на Господа, да му молитви и да го моли и неа ангел да ја стори, за да се сретне со сина си.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сега ќе мислат дека си имала маж.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И сѐ такви некои писма им читал од своите книги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го молев да не се покорува, да им се спротиви. Не ме послуша.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа и нејзината светлост се распливнала и тие го фатиле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се собрале околу дрвото на кое бил качен и го молеле да се симне.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Попе, раскажувај на наш јазик, го молеле. Нема ваш јазик, се лутел Гркот. И терал како што знаел.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Театарот е сила, моќ, а таа Господа не го моли, еден ден ќе им врати со иста мерка.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, соочувајќи се со векови наназад со податокот дека силата бога не го моли, па и не знае за него, Исусовата доктрина останува тешко применлива.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Познаникот повторно дошол кај Павлов и почнал да го моли со солзи да му прости, но наместо да му ги врати парите, му побарал други.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Пошол овој сиромавиот кај него - поправо пред тоа многу пати одел каде него - го молел.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Најпосле се согласија да одаат кај старио да го молат да му кажи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Му се тоари анџијата на дуовникот и го моли да го земи Силјана на аџилак, да отаде назад како знајт нека си прајт.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ете тие скришни зборои беа што 'и зборуавме вчера со другарот ваш, пријатели, и вашио другар треба да је многу мудар чоек што ме прашаше така.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Најпосле, беше кандисал дуовникот и го зел Силјан со себе за на аџилак.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
За да бидит чоек цар, треба да је од царски род, а не од каковгоде.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тој имал многу дечиња. Имал седум - осум деца сиромавиот и го молел да му дает нешто, да му помогнет, да му дает брашненце, некоја парица, некои работи вака да му припомогнет.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Стегнал опинците к'сметот и трештил да го бара умо, за да го моли да го поткрепит итој како што го крепел тој.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Море, аман, бре побратиме, ела да го поткрепиш и ти момчето, оти пред царо за страмота ќе се сторит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Му беше некакво залажување, сето тоа вабење од карпите, не сакаше никого да го прелажува и никого да го моли, го отфрли.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Широко езерско синило и таа како чун зариен во него; кога сите правеа куќи понастрана од езерото за да не ги лока и подјадува, Бандо тука, на самиот брег, до самата вода ја направи куќата да го слуша нејзинот шум, нејзиното заплискување на ѕидот од куќата и брегот; а кога езерото ќе надојдеше и ќе се разбеснеше, кога ќе почнеше да му ги подлокува ѕидовите на куќата, тој го молеше бога само да не му се урне куќата и да го потфати, а кога ќе се смиреше езерото, веднаш почнуваше да ги поправа и зацврстува ѕидовите. И така постојано.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но што вреди: во најмачните моменти кога војниците го решетаа училиштето со куршуми, жена ми го молеше бога за спас; го молеше да се смилостиви и да ни помогне; но ете што стори тој господ: ме остави и без неа и без детето, пуст и чемерен довек...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Луѓето го молат господа да им ги прости сите гревови што понекогаш ги чинеле на добичињата и ајваните, оставајќи ги често и жедни и гладни, што ги мавале без мера, што ги претоварале, што ги преморувале во орање, што во студено време кога биле спотни не ги покривале и заштитувале како што треба, туку кога фрчеле со носот, тие им велеле: утур-бутур! пукнал-треснал!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Чуја селаните и отидоа во началството каде што беше затворен Бандо да го молат и да го убедуваат Бандо да не биде толку инаетчија, да попушти, да рече дека има држава, но Бандо не попушташе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ги редеше цвеќињата во чаша со вода и го молеше Висара да не ги фрла кога ќе овенат, тука да ги чува додека не му донесе свежи; овенатите цвеќиња ги завиткуваше во шамиче и ги редеше в џеб.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Бандо стрчна кај командирот и почна да го моли, да го запира да не ја рушат, но командирот го оттурна и му свика: „А од каде ќе минат камионите?“ „Здола под куќава”, им рече Бандо, „плитко е езерото...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со гредите од паднатите плевни ги потпираа чатиите на куќите, но многу куќи и не издржаа, та многу семејства се здружија заеднички да живеат, да го делат злото и да го молат господа што побргу ова чудо да го запре.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ги жалеа луѓето, ги оплакуваа и правеа маѓии да ја стиосат болеста, тропаа со тенекиња и ја бркаа, палеа ќуќур и козина да ја спотераат и избркаат од каде што дошла; ги стркаа ќералите и плевните со света водица, со жива вар, чадеа темјан и пееја молитви, го молеа господа да ја запре и сотре болеста по ајваните; им врзуваа амајлии на гушата, им сечеа од ушите, од опашката, од роговите - чинеа сѐ што знаеја или ќе чуеја само да ја откатанчат и изгонат болеста.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Го молиш Бога да заврне, да направиш пауза и да седнеш во „Посластичарница“, каде што првпат јадев кремпита, или во ресторан, каде предјадењата беа доволни да се најадеш без да поминеш на главното јадење, а чинеа колку ѓеврек.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И во шпанските и во турските серии, сите Селми и жени со име Долорес, со изобличено тело и растегната уста и врат кој пука ја довикуваат мајката и Господ на помош, а го молат, па и го проколнуваат суштеството кое не сака да излезе, силно вгнездено во матката, на сигурно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Оттаму, мојата врска доктор ме одведе кај професорот да ми се направи една гастроскопија по колоноскопијата, а кога по пат го молев да ми каже колку може да биде болно, тој низ насмевка ми рече дека оваа претстава што бесплатно ја изгледал долго ќе се раскажува по кабинетите и дека лично тој ги сокрил пешкирите со нормална големина и дека оној во костумот бил само колатерална штета.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Ти си многу горе, ми вели Јон, или јас сум многу долу, ми вели, дури го молам, дури се наведнувам да го кренам, вели Мисајле Ковачот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На изгореното срце и окото му е суво. Не пушта солза и да го молиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас го молам прво Јолета, а потоа Дука.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му го давам јајцето и го молам - аман, заман, - да ми даде малку шеќер. Само едно грутче. Меѓу два прста да фати и да ми даде. - За лек, му велам, за од зарек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па после отидовме сите, цело село отиде да го моли поп Танаско.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
имаше еден безбожник којшто призна дека кога му било најтешко, пак, на небото му се помолил, пак верувал дека нема господ, ама друг и немало до него и устата сама му се отворила да го моли господ, оти тогаш може да ти помогне само тоа што не е до тебе, тоа што не го гледаш, што не го познаваш, што не си го сретнал, господ мора да е и овдека и онаму, вели Илија Јованов, господ мора да е насекаде и затоа не можеме да го видиме и тогаш пак го гледаме офицерот, се враќа: дали сте биле војници, прашува, не, не сме биле, кажуваме, е отсега ќе бидете, вели, смртната казна ви ја заменувам со казна на прва борбена линија, вели, ќе потпишете дека доброволно се јавувате, ќе потпишеме, велиме, како не ќе потпишеме, таму барем може и да преживеете, вели, е ти благодариме, господине, велиме, ти отсега си ни господ, велиме, и одиме му ги бацуваме рацете, колената, чизмите, не бацувајте ме мене, туку потпишете овдека, ни вели, имате штастие, имаме, велиме, и среќа и штастие имаме, сигурно дека е пијан, си мислиме и нѐ одведоа во некоја касарна, ни дадоа алишта и плачките ни ги вратија после пак ни ги зедоа, ама тогаш ни ги вратија, само парите не ги вратија, пари не ви требаат, велат, оти одиме на фронт кон Турција или во Македонија. 122
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го молам да се опули, да ми проговори, а тој молчи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му идеше мило дека го молам и со дланките ме милуваше. По темето, по вратот, по лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ветво алиште не се крпи. - Не давај се, Јоне, не предавај се, го молам, и се крстам над главата негова, над иконата негова.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го молам господ на бугарски војник да ме одведе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Луѓето одат по него, му ја држат пушката и го молат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Немој, бре Мисајле, не затворај две куќи, го молат луѓето, може да го погодиш, а може и да не го погодиш, а не чини ни едното ни другото, му велат луѓето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Којзнае какви нечисти сили му влегле, ќе си речам, и ќе слезам да го молам да не се тепа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Жал ми е, го имам само него и го молам да остане.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Инаку, ми е срам да си ги валкам рацеве. (Антица застанува пред Илија да го спречи, обзрната кон Ристаќија и со гримаси на очите, устата и лицето го моли.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Илија спие на тревата и ја сонува Антица застаната на патчето кое води во дуќанчето, облечена во невестински алишта и клекната кај го моли да ја спаси.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Го молеше Господа да не бекне, зашто знаеше дека „оние“ праведните без милост ќе му го удрат ножот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа, која истиот тој Господ го молеше за живот, сега го моли да ѝ дарува сила и ум за да не го погреши патот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа извикува, целото лице ѝ се смешка и ги подава рацете во пресрет на ветрот, радосна, среќна, толку убава... А јас одам да се спакувам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во последно време тој сѐ повеќе размислуваше над молбите и над списите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како и секогаш, тој и сега му ги понуди на везирот своите услуги и го моли да го удостои да го прими хронограмот што му го испраќа и што го составил со голем труд.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И кутрото девојче ги подава обете раце, небаре го моли овој ветар уште еднаш да ѝ ги донесе тие зборови...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
” Продолжи тоа гледајќи го како да го моли.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Сакам да ви раскажам за геограпхија“, не чека да го молат третиот раскажувач; во мракот не е ни повисок ни позначаен од другите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Му реков да ме остави, дека го молам да излезе од собата и да ме остави.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Го молев Симона да одиме до гробиштата. Тој велеше дека бездруго ќе одиме, но вистински одлагаше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ние сме праведно осудени, зашто примивме заслужена казна според нашите дела; но Он ништо лошо не направил. - му рекол и потоа се свртел кон Христа и покајнички го молел: - Сети се на мене, Господи, кога ќе појдеш во Царството Свое!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Луѓето затворени по куќите ги колнат и го молат бога да ги стиша, да ги спотера некаде.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Имаше моменти кога се откажуваше, кога не сакаше повеќе да зема лозови, но тоа траеше до денот што беше последен за извлекување: одеше кон бутката да купи лозови, сакаше да не најде но пак се тресеше и го молеше господа да најде.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Еден од мајсторите го зеде јагнето и го завлечка накај темелот: јагнето насетувајќи ја опасноста, почна да блее и да напиња со глава да ја скине врпцата, но мајсторот го зграпчи за половина, го крена и го однесе до темелникот; кога јагнето го виде ножот што го измолкна мајсторот зафати посилно да прета и пожално да блее, да моли за спас; но мајсторот, го притегна поцврсто да не прета и му ја стегна устата; јагнето сега почна со погледот да го моли мајсторот да го пушти, да го ослободи; но мајсторот му ја затегна главата нагоре за да му го зарие ножот; кога виде јагнето дека му нема спас, дека мајсторот нема срце, душа, го погледа со презир, со омраза и смигна да не го види сечилото од ножот што му беше допрено до кожата; првин сети студенило во грлото, налик на допир на мразулец, а потоа силна болка, губење на воздух, на здив, на свест, се стресе, спрета со нозете, за последно сапна, потоа се успокои, како да заспа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Минаа два месеци, почнаа дождови да паѓаат, да ги ронат тулите, ѕидовите, почна жена му да го моли да продолжат, и Оруш ги викна мајсторите - продолжи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Да му падне на колена. Да го моли.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Бабата Каља Тушева, редовна и најрана посетителка, веќе прави метании пред Богородица и ѝ се моли да ѝ го поживи сина ѝ и внучињата; дедот Бале — и тој му пали свеќа на Ристоса и го моли да му ги прости греовите што излага толку моми и невести за мажење и што зеде некоја и друга лиричка од такви како Илка Сукала, дедот Мисирлија — не може да најде невести за синови му и почна редовно да доаѓа в црква и да се моли на сите светци; на бабата Цвета Батанџиева невестата ѝ нема малечко еве седум осум години, та и таа клечи пред Богородица и ја моли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе си најде мана пред децата дека дошол компири да купи за дома, а насамо ќе се посоветува со стариот пријател и ќе го моли за помош.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со тоа си земаа збогум со свети Димитрија и го молеа да им ги прости гревовите што ги направиле за оваа и друга година, што газиле околу манастирот, што јале и збореле можеби понекој непристоен збор во негово невидливо присуство.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Их! Ете как ќе се мана јас од дома!“ — си рече Крле и отиде кај Бина даскалот да го моли за совет, за да постапи и тој во гимназијата во Прилеп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го виде и деда си Богдана како го моли нешто кадијата, а овој мава со грбачот по него дури не му го предаде на еден сејмен и овој го налегна и замавна со една букова суровица.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во мигот го слуша гласот на Богородица која го моли деверот да не излегува по вакво време, а тој дека оди да земе нешто од она што го исфрла Дине, за да го спотнел огнот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Да го гледаш и да го молиш и да те моли и двајцата раце сте престорени само да молите нешто да молите Дур да слета морна пеперутка и да те гушка и ти да ја мачиш и ти да ја убиеш со едно молчење на сите камења брат да им бидеш и да гледаш како нестануваш полека кожата како ја пробиваш од себе во попладнето од попладнето во припекот како се сокриваш и пак легнат точно кај што си да се најдуваш и да молчиш.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Во сушни времиња луѓето го молат бога да потстече реката малку, да зачрчори, да донесе живот во бавчите и градините во горниот дел на селото каде што нема вода, и каде што во сушни врмиња кога сè гори од жега, носат вода од езерото во буриња натоварени на плеќи или на добиток за да ги повадат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Го молеше свети Ѓорѓија да ја убие со копјето чумата како што ја убил змијата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Никола, прикажувај ми за една твоја смрт, го молеше ноќе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Му се товари анџијата на дуовникот и го моли да го земе Силјана на аџилак, да отаде назад како знае нека си прави.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Не збунувајте го детето, Лев Петрович, го моли мајка ми. Немам таква намера, Љуба.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На другиот ден, кога Мацко пак од никого не доби јадење, го молеше Ловџија да одат да ловат глувци, ветувајќи дека сега ќе биде повнимателен и ќе го фати глушецот.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Некои ја примаа оваа порачка молчешкум, други изгледаа пропаднати од недоумение кај да најдат пари, а неколкумина попладнето на деда Бошка му дојдоа дома да го молат да му рече на арамијата да им се смилува, да не им сака, зашто немаат од каде да најдат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Долго го молеа да им зазбори, но ништо не помагаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Патем пак го молеше за тоа да му прости на Мирчета, но Луман му објасни дека верува оти тој Мирче е сиромав, само сака да го научи народот да знае со кого има работа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Хм! Што друго освен да отидеш до Дика и него да го молиш да направи некако да те куртулиса.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дедо Бошко им вети: - Ќе го молам, - рече.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Немаа и одеа да го молат Бошка: - Аман, Бошко, ќе му платиме, само да сака да нѐ почека...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Та знам! Ќе му кажам, ќе го молам...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ја тераме и таа да го моли, да пусти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со сета моќ и сила што е во нив го молат Семоќниот да ја слушне нивната молитва.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сите размислуваат за животот и го молат господ да им ја намали казната.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Веќе си испланирав како ќе заминам на школување во Кавадарци, ех колку се радував, кога неочекувано татко ми ме пресече: Не верувам дека ќе те примат, сигурно е пополнет бројот, а јас го молев: Тате, ако таму не ме примат, дај ме барем во работничко училиште.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
_____ 9 Ни мајката Перса ни мајката Пелагија не мораа да го молат дедо Господ да направи убаво време во денот кога ја однесоа малечката Пелагија на првиот час во училиштето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пелагија ретко го повикуваше Господ, ни за да го обвинува за црнилата, ни за да го моли да пушти малку светлина врз патот по кој поминува.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Боже, боженце, го молеше тој порано, та удри со тоа копје наместо по ламјата, по оваа бесна Тодора.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тетка Ана се препали. - Саше, Саше, што се случило, каде беше, што ти е, смири се, Саше, престани! – викаше, го молеше, го потресуваше за рамена, го прегрнуваше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Саше, Сашенце мој, не плачи, Бак се врати – викав јас истовремено, ама од неговите пискотници, толку силни и неутешни како некој близок да му умрел, и од викањето на Тета, тој мене не можеше да ме слушне.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)