го (зам.) - мобилизира (гл.)

Во напуштањето на излолационизмот во САД, кој бил една од главните пречки за влегувањето на САД во војната, голема улога одиграл американскиот печат, којшто го мобилизирал јавното мислење околу настојувањето САД да ја напуштат таа политика и директно да се вклучат во борбата против силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Молкни! - просаска таа и си го спомна денот кога, лани, во јуни го мобилизираа Ставре.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Додека главно ја избегнувам примената на тортурата - мачењето го одредува противникот и го мобилизира отпорот - заканувањето со мачење е корисно кај субјектот за да предизвика чувство на беспомошност и благодарност поради тоа што истражувачот се воздржува од тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Петара веднаш го мобилизира војската, го доизучи и го направи офицер, а Неделко и Тодета, под изговор дека се грижат за воените сирачиња, а всушност со сосема јасни намери, за да ги посрбат, училишните власти ги однесоа - Неделка во Крагуевац, Тодета во Горни Милановец, божем за да ги изучат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ноќе чекаше да го мобилизираат и лежеше буден, на штрек, размислувајќи за фронтот...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)