го (зам.) - мие (гл.)

Ако дождот го мие твоето божествено лице, дозволи ми да бидам макар една капка.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Му го мие рамото и со парче од кошулата му го преврзува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чувствувајќи како дождот сѐ повеќе го натопува, се пренесе во времето кога ја погребуваа баба му Депа кога исто вака туриваше силен дожд, а тој одеше во погребната поворка фатен за раката од мајка му, дождот му плускаше по главата, по телото, му се лизгаше по кожата и му слегуваше низ нозете во опинците; погледнуваше повремено во баба му во ковчегот што го носеа луѓето на раце: и нејзиното лице дождот го миеше, се лизгаше по него како по восок и ги натопуваше цвеќињата и овошките во сандакот; лееше на попот и му ја гаснеше кадилницата со која штркаше по ковчегот и пееше за покој душа, лееше на луѓето што одеа со наведнати глави.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ем го плаќавме, ем сѐ наопаку направи, ем испокрши едно чудо материјал ем, после, кога падна, моравме да го миеме, в болница да го носиме и да го лечиме.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Го миеше подолго отколку што требаше, задржувајќи ги прстите под топлиот млаз вода уште неколку секунди откако филџанот беше сосема чист.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Гардистот кој повраќаше дојде до комшиското лавабо и почна да си го мие детското и исцрпено лице.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Потоа треба да се измијам и да каснам. Канчето за чај ми е здраво, филџанот, колку и да го миеш, го има мојот мирис.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Си фрламе сега ждрепка: кој да го мие казанот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си го миеме лицето, вратот, но без сапун, не се турка ирата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сум ги засукала ракавите и само го мијам и го ложам со вазелини, со пудри.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дождот го мие, го плави, а тоа уште потклоцува, замалува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ете, тоа беше причина да помислам дека светлината што го поттикнува смеењето му го мие лицето на животот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само бели мали бранови го мијат песокот и полека се враќаат, се тубат и веднаш излегуваат нови и нови.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Така тој ја пропатува едната половина од овој широк свет – доволно му е кога е дете! – токму сакаше да појде и понатаму, туку шоферот го донесе дебелото црево и – почна да го мие извалканиот камион.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Секој сам си пушта вода и таа сама го мие алето како мисур...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)