го (зам.) - мени (гл.)

Така ја кандисуваше Мигар Анѓа без да се тревожи што го мени името од Митра во Мигар.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И тргна поворката низ снегот, но кога дојдоа до патот што се качува по брегот кон гробиштата, на него имаше изнатрупано толку снег и навејани толку соспи, што не можеа понатаму и решија да го менат патот: да свртат на другата страна на брегот каде што имаше помалу снег.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И да го мените светот, не менувајте го своето минато, вели дедо, никаде не одете без него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Намерно го рече тоа пред новиот кадија, за тој да не се занесува со она што се занесуваат сите новодојдени, дека ќе го менат светот и ќе бидат поправедни од другите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Даскалот во Старавина, Димо Гулушов, од три лири месецот (колку што примаше од Егзархијата како Бино во Витолишча), се поткачи на шест од патријаршијата и го мени презимето од Гулушов на Гулусис и почна децата да ги учи место: аз, буки, веде, глаголе на: алфа вита гама делта итн.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)