го (зам.) - маѓепса (гл.)

А тогаш наведнат, со пушката преку рамо, во која останаа само уште два неубоити фишека, што ги изнајде на дното од пазуварката и ги стави за секој случај, преклонето зачекори надолу по широката трага, свесен дека го надмудрија, дека го исплашија, дека го маѓепсаа така, за веќе ни еднаш во скоро време ни да не помисли на лов на самјаци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Камилски за миг престана да зборува, започна да пребарува во своето куферче, како волшебник пред својата точка кој требаше да го маѓепса својот соговорник, извади една мала книга со кафени броширани корици, на краевите излитени, бездруго од староста и преголемата употреба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XXI. Бело наидува белата зимна ноќ. Наидува бело и заискрено, целата во некоја златеста ѕвекот, се рони од бледосиното небо, чиниш една единствена пајажинка, сребреста и залебдена, трепери со некоја своја чудна оморнина во првите бели ѕвездички, а после се плиска над белата земја како руса девојчинска роса, престорувајќи го во еден миг сиот свет во некој дворец од бајките, поплочувајќи го со злато и исковувајќи на него безброј бели сребрени филигрански плетеници, поштркувајќи го со илјадници одблесоци од бесценети камења, кои го маѓепсуваат погледот и во кои и волкот почнува да мечтае.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во “Ритуалот на Старата жена Tunnari” (хетски ритуали, KUB XXIV, 9, I) се вели меѓу другото: ... (старата жена ја преде волнената нишка): кој и да го маѓепса овој човек и го стори жолт-зелен hahlah hiskit сега јас ја тргнувам оваа магија и му го враќам тоа жолто-зелено на неговиот господар”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Книгата го маѓепса или, поточно речено, го успокои.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Бог не постои“, ми рече, а знаеше дека тој истиот Бог во кој тој не верува му ја испрати, го маѓепса и му ги зеде и срцето и душата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таа му го занесе срцето, му го маѓепса умот, му стана центар и значење на сиот живот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тоа го маѓепса, клинецот Џонкинд...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)