го (зам.) - мачи (гл.)

И таму, на млади години, го мачеше тајната дали под двете езера разделени со една планина, се мешаат нивните води и се формираат многубројни пештери, како што се велеше во преданијата и се претпоставуваше во научните списи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но зарем сега да го мачи Чанга со своите мисли за апсурдот, кога говореше самиот живот?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
XX По исчезнувањето на Чанга заедно со козите татко ми го мачеа големи размисли. Проблемот го мачеше на личен и општ план.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ѓорче му ја затна устата со рацете и му шепна: -Шшшшштттт!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Долго време го испитуваа, го мачеа, го биеја, но тој ништо не призна, ништо не предаде.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Потоа во Битола се вршеше распит на граѓаните. Го распрашуваа и Гоце Делчев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Е, кој е револуционер, - рече Гоце - на сè треба да биде готов: ќе падне в затвор, ќе го тепаат, ќе го мачат...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Франциско одеше гол и бос, парталав, гладен и жеден, во крв облеан, и од никого ништо не бараше: ни дреи, ни леб, ни вода, а уште помалку го мачеше суета и потребата од признание и слава.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На македонски, англиски, српски/хрватски и полски јазик, објавена е во странски списанија, како и на интернет на адресата http://www. unet.com.mk/rashela/ БАЗЕН  Костантин З. го мачат силни главоболки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Да летне во Жешов, да го посети гробот на реб Апфелблум, да се сретне со д-р Блумфелд, по можност да му објасни што тоа се случи, одново да разговара со Зимха Зајден и да се обиде да му одговори на неговите нови опрашања што впрочем и него самиот го мачат, да прошета низ Кертнер штрасе во Виена, да ги сретне своите угладени професори од рабинската семинарија и да им каже дека не е виновен за тоа што се случи со неговата паства, дека постапуваше како што тие го учеа, дека не ги лажеше во своите обраќања, туку се обидуваше да ги утеши и да ги спаси од предвременото очајување; потем да оди во Виена при виенското еврејство и високиот слој кој само почна да му се отвора, но на кој всушност никогаш не успеа да му припадне, а потоа да оди во Музикферајн, да влезе во позлатениот необарок на салата, да се намести удобно на седиштето и да слуша; да слуша возвишена музика, созвучја исткаени од занесот и дарбата на Шуберт, на Хајдн, на таа возвишена, на таа рафинирана музика со симфониска исполнетост, на која е воспитуван и на која сега сака сосем да ѝ се врати...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Константин З. му се пожали на силните главоболки што го мачат, а командантот му рече дека токму заради тоа и треба да дојде.  „Кежовица - му повтори простосрдечниот офицер - само Кежовица е за Вас господин З.!“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа гледа во него и почнува да го свири мането од неговата омилена солунска песна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ху ха ха! не не знам како се викаше мисли Мерт или Морт но главна финта е што постојано го мачи тој зафркнат уд поголем и од оној на стариот Рахаб гледаш - што прави со него? не знам мислам го замотува околу ногата или го префрла преку рамото или такво нешто божеее! каков проблем е тоа! ете се обложувам дека скинал повеќе јадни девојчишта отколку што моево црвче ги наденало! еднаш тој дури - слушај! 112 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но тој не стравуваше за живот и имот, него го мачеше мислата, што на моменти се претвораше скоро во извесност, дека војната ќе ги пресече патиштата меѓу него и неговото девојче, и дека никогаш веќе нема да го види.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Треба многу да го мачеше мислата дека еден дрслив Сандре кметува, а тој - роден да воспостави ред и да и создаде авторитет на власта - станува пренебрегнат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кметот е ненаситен и жолчен: ќе го мачи, ќе го приклештува додека не успее да дознае сѐ.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Најмногу го мачеше мислата дека децата ќе останат вечно да робуваат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го мачи фактот што го суредија брат му па автоматот му го подига моралот. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 113
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Мислата... Мислата... Таа му гребеше во душата. Таа го мачеше. Мислата... Не можеше да ја совлада... И бегањето, и пиењето - сѐ беше попусто...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Чувствувам дека го мачи голема, голема мака...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Јас знаев, а и другите знаеја што го мачи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како може без причина да го поткрева својот крескав глас и да ги истура пред нејзините очи сите незадоволства што го мачат?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Не се обидував да видам во моите мисли како лежи едвај подвижен, не сакав да слушнам како последните капки сила го принудуваат да вдишува и издишува, не сакав да знам ни што му врвело низ мислите во тие мигови – дали го мачела помислата на сестрите кои постојано се јавувале во неговиот дом и молеле да се најде начин да ја напуштат Виена, дали имал грижа на совеста од претпоставувањето дека во логорите на смртта ќе ги приберат и нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не се обидував да ги замислам последните мигови од неговиот живот, доволно ми беше што дознав дека е мртов, дека е смирен, без телесна болка, без душевна јанѕа, затоа што сигурно на оној свет душата се ослободува од сите тегобности и самообвинувања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да се склоневме пред волјата на Европа и четите или да се предадеа или да се оттргнеа во Бугарија, или барем да се направеа некои преговори со реформаторските држави, во кои просто можеше да се рече оти или ќе се оттргнат или ќе се предадат, но нека не го мачат Турците мирното население затоа што може некаде се имаат пушки, тогаш ќе настапеше во Македонија мирно време кога ќе се бараше од Турција да се воведат во полност реформите и да се оттеглат војските од Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Она за што зборува Офтика во монологот, пред стотина и повеќе години го мачело и рускиот писател, Николај Василевич Гогољ. Од таквата мака излегла повеста „Нос“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Додека го гледале филмот, добивале желба да влезат во филмот да го запрат нивниот другар и да го прашаат што е тоа што го мачи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
ФЕЗЛИЕВ: (Сето време седи замислен. Гледа пред себе, како тука, врз подот, да го открива она што го мачи.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Па ја дарва старицата вредна Дарови и злато торба една Со песна весел на коњ се качи Нема друга грижа, совест да го мачи.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Откоа го отепало татка је, си излегла од подрумо и кого ќе видела пред себе, сѐ ќе испоганела и ќе го удрела, та ќе го умрела.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
При с¯ што толку зло беше го нашло, пак од лошотиите не се остаал.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа видел бесчеснио цар, оти девојчето умирало и не се предавало, го предал на големи маки да го мачат, дури да го кандисат да се предаит на царското сакање или да умри.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Некоја тешка одговорност го мачи и уништува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тешко сомневање го граба и го мачи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Гледа Висар кон езерото, размислува за бесмртната вода, размислува кога би имал тој некаква сила та да дојде до шишето со бесмртната вода и да му стави крај на сево ова што го мачи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
... Откако Бандо ја соѕида куќата што му ја сруши езерото, пак почнаа да го возбудуваат и да го мачат лоши соништа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ама не може, го боли. Убиените луѓе го мачат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Арно ама, кротката и молчалива млада жена не го ни прашала од каде толкава тага, зашто не сакала да го принудува да ѝ се исповеда, ниту пак ѝ требало да знае што мака го мачи за да го теши.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Оф, оф, оф, денес сум за никаде, тики да си седам и да си пекам од болки...“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таквите гласови го мачат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И пак не знаеше, распнат од мисла до мисла, дали во него се разбудува нагонот на видот или го мачи стравот да не биде сам.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Треската го мачеше, како крт му ги глодаше зглобовите, затоа се жештеше - „Не сум ни комформист, ни медиокрет, затоа ме сметаат за луд.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дали тие требаше да се вбројат во редот на интелектуалните јаничари, јаничарите по перо, дали со тоа беше исцрпено значењето на јаничарството, беа прашања коишто не престануваа да го мачат Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Воздивнува, го мачи некаква тајна, ни глад веќе не чувствува на Антуш Крстин.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Марко остана да седи ноќе на черга со подвиткани нозе под себе и да шепоти дека земјата,негова родна и неродна, го мачи додека туѓината го повикува и му нуди утеха.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Круме Волнаровски е во затвор, можеш ли да сфатиш?!“ ме праша Ема како да се прашува себеси.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- што почнуваше да го мачи со сомнеж кој вртеше како сврдел во најчувствителното) дента мобилниот на Круме Волнаровски беше недостапен и немав никаков пристап до информација и тоа почнуваше да ме мачи со сомнеж кој вртеше како сврдел во најчувствителното (ми беше качена на начин кој овозможуваше да ѝ влезе сè што можеше да ѝ влезе; мислев дека устинките никогаш не ѝ биле толку отворени, се лизгаа лево и десно, ме допираа по ципите, ми ја влажнеа волната и ми ја подлапнуваа, ми ја шмукаа или така ми се чинеше, особено кога почна бавно да се крева со задникот нагоре и да се спушта на мене стегајќи ме меѓу бутовите, постепено забрзувајќи го ритамот, нанесувајќи ми тапа болка на јајцата) ние знаевме само толку дека Илона веќе беше далеку од нас, нејзината трага се покриваше и таа започнуваше нов живот за што Ема не сакаше многу да зборува, нејзиниот живот е нејзин, велеше, како и мојов што е мој, ѓаволу мој, ми рече Ема утрото кога во мојот кабинет ја спомнав Чехињата (ги крена рамениците како да сакаше да каже дека за ништо не е виновна но не кажа, тоа собирање на рамениците беше грч пред ослободување, тоа беше начин да се мобилизира, да се собере целата во себе пред конечното испразнување и така се случи како и секогаш: списка, свика нешто неразбирливо и продолжително, да, тоа беше крик кој доаѓаше од длабочината на нејзините гради, и откако во одгласот тој се стиши во едвај чујно ајјјоооххх … иииооојјј и откако со усните ме побара под себе и ми стави заби на рамото, омекна, се распекмези, се распосла над мене, лесно ме покри со телото облеано во пот и ме заведе во блага дремка) Но таа ноќ не беше за спиење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А сепак, Симон морал да знае дека брат му му ја дал онаа плата за чувар на трансформаторот. Тоа морало да го мачи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
По ден-два, пак ќе почнеше зуежот да му се јавува, да го мачи, да го онерасположува, сè додека пак замислената птица не долеташе и не му ја клукнеше пчелата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Илко ѝ велеше: - Не е болно, туку нешто го мачи...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Ах, насетував дека нешто го мачи... нешто ќе му се случи... - плачеше сестра му Кала.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во тој момент го мачеше само едно: Што мисли таа? Дали ќе може да ја кандиса?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— He е лошо да ми знаат децата, па макар и ѓупцки нека е, — одговараше таа на Бојанината забелешка ,.зошто си го мачи чупето со непотребни работи".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста веднаш ги заборави сите болки и страданија, ја подигна главата кон Митра, ја погледна в очи, ја развлече исушената уста и проговори: „ — Море — ми, живо било воа мечето, орлите да го мачат, колку ме измачи, да не остане, да даде господ!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ене, непријателот копа окопи, ја сече немилосрдно шумата, ги копа ливадите и лозјата, ги урива ѕидиштата, племните, та дури и куќите; ги копа огништата и визбите и прави бункери за да се задржи што подолго; за да го мачи што повеќе и Митрета и Петрета кои гледаа што се прави, а не можеа да помогнат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И сакаше да го скршиш и да го увериш дека сум го предала.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Па јас и сакав да го оставам. Јас и ќе го оставев.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зачекори полека кон неа, несигурно, без нужен такт на ловец пред чии очи е смртта паѓа на коленици.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Марија...“ „Го мачеше.“ „Марија, чекај. Немој. Јас сум закон. Јас можам сѐ.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го мачеше рапава пустинска жед, лименото грло на матарката беше суво како и планинската пролет.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го мачеше. Ненадејно дојде и го откри. И го мачеше.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ти реков да го оставиш. Не го остави. Го мачеше.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го мачеше, а јас тоа не можев да го гледам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во преостанатиот дел на сонот продолжуваше да го мачи силата што би можела да го спречи патот на јагулите...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Макар што Татко во тие времиња започнаа нови маки да го мачат, кога се всади сталинизмот во неговата родна земја, а и во земјата на егзилот кои ги делеше навидум отворената и братска граница, не попадна во стапицата на брзото враќање, неговиот егзил имаше длабоки корени.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Потоа додава дека со секој ден сè помалку го мачи дилемата што треба или пак што не треба да се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
(Кутрата мама, веројатно мисли дека придонесува барем малку кон расветлувањето на проблемите што го мачат Лев Петрович).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но, гладот го мачеше и тој, сака- не сака, тргна по селскиот мачор, кој своето име Ловџија не го беше добил без заслуга.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Туку Нумо во Прењес не е сам. Живее во два света.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кире му стана близок и сега, кога не може да го види, неговата осаменост уште повеќе го мачи.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И сета, во овие одминати години, Нумо им завидува.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Бошка патем го мачеа рој мисли: „Ова што ми велат да го предадам не е лошо, ама ја ако не успеат да го отепаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
VIII Сѐ до вечерта Бошко го мачеше забелешката на Најда, но тој премногу се надеваше во одењето кај Дика во селото преку Пелистер, за да може да најде сила да го открие значењето на зборовите што му беа речени.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не се ни обидуваат да го мачат со дилеми.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во Шницлеровата поучна приказна. човекот живее од животот на микробиолошкиот вид кој го мачи и кој ќе го уништи: тие се туѓи едно на друго, но судбината им е иста.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
За мнозина од нас многу е лесно да се занемари или површно да се појми страв, страдање или начинот на кој психичката болка го мачи ментално заболеното лице.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ц се спаси од неколку месеци затвор, но го мачеше тоа што животот сѐ уште му остана неосмислен.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Го совлада сонот и во него мора го мачи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Не будали се, човеку, не туку го мачи детево, преку глава му е од болести. Здрав си како дрен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Татко ми ме носеше в раце и плачев толку силно и клоцав со нозете што еден човек му викна на татко ми: Лазо, зошто детето не го остави дома, само го мачиш!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)